valerijalukjanova

Валерија Лукјанова е фото-модел и интернет ѕвезда која го шашардиса светот со надреалниот изглед на „жива кукла“, постигнат со многу пластични операции. Кај нас за неа е пишувано, но сепак е слабо позната.

uPuvz9rd9ew

Така например забележав нејзини фотки во некои наши фејк Facebook профајли, а под нив и напалени машки коментари од типот: „ах срцка баш си секси, да се запознајме“ и сл. Мислам, драги мои сограѓани од машки пол и хетеросексуална ориентација, зар вие навистина мислите дека кај нас може да има волку атрактивни девојки и згора на тоа, дека тие немаат попаметна работа освен да седат на Facebook и да ве адињаат? Можеби се осамени и никој не ги сака? Без навреда, малце да се нашалиме ;)

Но не е страшно, истово се случува и на социјалните мрежи во Украина, Русија и другите екс-советски земји од типот на Вконтакте и Одноклассники. Иако Лукјанова е одамна мега-ѕвезда на тие простори, некои се’ уште не се добро запознаени со нејзиниот „лик и дело“, па лесно се затрчуваат по фејк профајлите со нејзини слики, кои таму ги има во изобилство. Кога веќе се појавуваат кај нас, можете да замислите колку ги има во тој дел од светот. Но све што јаде не се лета или како беше тоа.

pG4RJgBcF_M

valeria-lukyanova-06

Отелотворение на совршена славјанска убавина

Во зависност од изворите, Валерија Лукјанова е родена на 23 август 1985 или 1987 година во Одеса, Украина или во Тираспол, Молдавија. Второнаведениов, инаку, е главен град на меѓународно непризнатата држава Приднестровје (руски) или Транснистрија (молдавски), која се отцепи од Молдавија по вооружениот конфликт во раните 90-ти години на минатиот век. Како и да е, постојано место на живеење на Лукјанова е преубавата Одеса, која беше вклучена во овој мој серијал патеписи од екс-СССР.

Според зборовите на Лукјанова, нејзините пропорции се: висина: 175 см., тежина: 42 кг., струк 48 см., градите 88 см., но некои тоа го оспоруваат. Околу неа се плетат разни контроверзи. Не е јасно ни колку операции има досега направено, ни колку миљарди долари коштала таа инвестиција. Нејзиното искачување кон ѕвездите започнало во 2002 год. со објавување на фотографии на интернет, а учествувала и во повеќе избори за убавина.

43IvI-MaGMo

rSoPeZQFV9YОваа црно-бела серија фотки со капчето ми е супер

dmRpddRwST0

Лера духовно се испуњава кај пирамидите на Маите

Но Лукјанова не е само физички атрактивна (ова „атрактивна“ сфатете го условно, пошто нели “the beauty is in the eye of the beholder”), таа да ти имала и своја „духовна“ страна! Таа негува голем интерес за езотерија, јога и медитација, new age филозофија и религија, у слободно време се бави со „астрални проекции и телепортации“, разговара „со Исус и НЛО-а“, себеси се смета за „богињата Аматуе“ и како таква таа е „бесполова“ и трансцедентална као Милан Тарот, за кого веќе пишував. Оттаму е и збрката околу нејзините вистински дата и место на раѓање. Таа вели дека е родена во соѕвездието Плејада, а на нејзиниот профајл во рускојазичните соц. мрежи, како место на раѓање фигурира Чичен Ица, град во Мексико познат по пирамидите од времето на Маите.Тој е атрактивен за љубителите на езотеријата, па така и таа го посетила. Нејзиниот sugar daddy („папик“ по-русски), кого истотака го влече езотеријата, не штеди пари на вакви егзотични патувања, но околу него подоцна.

valeria-lukyanova-173

Лера у медитативен транас

Лукјанова е фруктаријанец, конзумира исклучиво овошје, а цел и’ е постигнување на инедија, способност за живот без храна и вода. Тоа е као Насрадин Оџа кога го учел магарето да не јаде и во тоа успеал, ама тоа умрело. Таа истотака се бави и со музика и има снимено неколку песни со “new age” содржина. Своите духовни и паранормални способности, Лукјанова великодушно ги споделува со заинтересираните на семинарите кои ги одржува, а цената на влезниците е „права ситница“. „Шта су сто долара да спасите живот?“ – што би рек’о Видовити Милан. Таа истотака говори за тие теми и во многу телевизиски емисии, како и на својот сајт. Но нас не не’ интересираат филозофии туку да видиме цице и г’зе, па следува богата фото и видео галерија после која ќе го продужиме муабетот, ако воопшто останат зборови.

ФОТО-ГАЛЕРИЈА

Лера, нејзините пријатели, обожаватели и семејството
Клик на сликичка за зголемен преглед

После сево ова, кај сите се наметнува најважното прашање: Кој ја ебе оваа бе брат? Не у стилу, „ко је шиша“ него у стилу, кој е достоен да ја плеска оваа, условно кажано, идеална лепота? Некои на шега би одговориле „одличните, брат, одличните“ како во оној познат виц. Епа, типот со кого таа го дели животот и постелата можете да го видите на сликите подолу.

Овој „Аполон“ на сликиве погоре е нејзиниот сопруг, Дмитриј Шкрабов. Богами, баш е шкрабов. Уште еден од многуте докази за она што уште одамна сум го говорел: најјаките пи**и завршуваат у руки на задњи шутраци. Не дека типов е тотална ругоба, али е сосема обичен и 50-та лига испод нејзината. Но физичкото нели не е најважно, а духовното. И Шкрабов е вака јако „спиритуалан“ како и жена му, духовно име му е Абраксас Аум и роден е на ѕвездата Сириус…

Нели атрактивните (па и не толку атрактивните) девојки знаат да бидат доста demanding, да извољеваат у стилу: партнерот мора да има фаца на Бред Пит, новчаник на Бил Гејтс, интелект на Славој Жижек и к** к’о Рон Џереми или Роко Зифреди. Претпоставувам дека и Лукјанова одбила хорди удварачи пред да заврши на матичар со овој нејзин “Mr. Right”. Браво за премудриот избор, што да кажам. Клап-клап (ономатопеја за аплауз, ал не баш ентузијастички).

Што би рекол нашиот познат музичар Новоградска (авторот на саундтракот за „Мајки“ на Манчевски): „најубавите јаболка / круши ги јадат свињите“. Оние кои ги следеле моите пишуванки од порано, можеби се сеќаваат на сторијата за тоа кој ја ожени светски познатата манекенка, Адриана Лима. Тоа беше Марко Јариќ – најружниот, најнехаризматичниот и најнепретставителниот чоек у галаксија.

Затоа драги мои, ќе ви го препорачам следново: Ако утре некоја кокошка ви дига нос дека не сте достоен за нејзината убавина, тогаш покажете и’ ги сликиве со зборовите: „ако овој обичен шутрак каков што моеш да видиш у автобус смее да ја ебе Украинската Барбика, онда ја кого треба да ебам? Венера и Афродита лично у тројка?“. Истото можете да го сторите со слики од Марко Јариќ и други „лепотани“.

Иначе, покрај Лера на тие простори има и други слични феномени, но за нив другпат. Како што веќе сум раскажувал во патеписиве, сум имал доста цури во Русија и Украина и повеќето биле ОК, даже супериорни у однос на нашите, но имаше една која имаше issues заради својот физички изглед, иако изглеаше гром: висока со дуга права плава коса до гз. Кога се запознавме онлајн упорно се жалеше, не сум убава, кратки ми се ногите сакам да ги продужам, викам ок ти се ногите злато шо ти е, па фати да збори мали ми се цицките, мали ми се цицките ќе си стаам силикони. Леееј ми пукна, па дај сликај ги па прати ми слики да ти ги видам цицките више. И прати. Отварам, океј цицки шо е проблемот. Вика лажеш. И тоа така верглаше и верглаше едно те исто, дури помислив дека таму седи некој Борис или Јуриј и ме заебава. Ама помуабетивме и преку вебкамера, глеам девојкава реална.

Значи стварно има луѓе кои сериозно патат од вакви работи и многу психијатри го имаат истражувано феноменов на Валерија Лукјанова и нејзе сличните. Многу млади девојки патат и од анорексија, булимија или слични проблеми. Во случајов на Лукјанова, дали се работи за патолошки моменти или можеби чист бизнис, не знам. Како и да е, за крај на оваа прикаска, галерија фотографии на Лукјанова од периодот пред операциите, као за кршење на филмот.