bgepiphani

ВОВЕД

Во минатото доста пишував за груевизмот, антиквизацијата и сиот тој кич, па во овој серијал мини-книги ќе ги критикувам сличните појави во соседните држави (без омраза, туку само со факти, кои не треба никого да навредат). Интересно, по стапувањето на македонско тло во Балканските војни (1912-1913), на чуден и речиси мистичен начин, секоја од нив се соочила со низа национални катастрофи и завршила како failed state и Апсурдистан. Karma is a bitch?

АНТИЧКИ БУГАРИ

Во претходните епизоди, објавени на Okno.mk, се осврнав на Грција и Албанија, а Бугарите ми е непријатно да ги критикувам, зашто сум еден од ретките кои не негираат историска поврзаност со нив, за што сведочат низа документи од времето на преродбениците и илинденците. Но како што велел античко-македонскиот филозоф Аристотел(ис): „Платон ми е драг, но вистината ми е подрага“. За разлика од Грција или Албанија, Бугарите немаат толку силна антиквизација, но сепак, не се без ич. Тие се смеат над онаа нашата, но всушност, тие имале и сè уште имаат нешто слично. Бугарските книжарници се полни со „научни“ трудови не многу поразлични од оние нашите, во кои се тврди дека Македонците потекнуваат од Атлантида, или како оние на Александар Донски, кој комуницираше со духот на Александар Македонски, или, пак, како оние на Ниче Димовски, авторот на фамозната ТВ драма за расата на Македоноидите. Така, например, во Бугарија можете да сретнете наслови како што се: „Атлантида – земја на древните Бугари“, „Древните Бугари – прадедовци на Тракијците“, „Древните Бугари и пирамидите“, „Древните Бугари, Сумер и Вавилон“, „Тракијците кои го создадоа христијанството – Бугарите“, „Тракијците – Бугари, цивилизатори на Евроазија и светот“, „Бугарите се во основата на човечката цивилизација“ и сл.

Бугарска антиквизаторска литература.

КЛИК НА СЛИКАТА ЗА ЗГОЛЕМЕНО: Бугарска антиквизаторска литература.

Ова било премногу дури и за бугарскиот историчар и политичар Божидар Димитров, иако тој беше озлогласен по своите тврди националистички ставови, а за оваа бугарска антиквизација, тој со потсмев има напишано: „Некои дури ги сметаат (Бугарите, моја заб.) за посланици на вонземен разум со особена мисија на Земјата. Каква точно, тука мислењата се разделени – од жестоки борци, кои при нужда треба да ја спасат планетата од пропаст, до мисионери, кои треба да влеат ум, разум и култура во празните глави на автохтоните жители на планетата“ (затворен цитат). Но, всушност, Димитров не бил многу поарен од оние на кои им се потсмевал, па така, тој бил автор на книгата „Бугарите – првите Европејци“, чиј наслов мислам дека ви кажува сè. Ваквата псевдо-историја кај нашиот источен сосед не претставува некаква новост и таа самата си има богата историја.

Првиот (или барем првиот позначаен) антиквизатор во Бугарија бил Цани Гинчев (1835-1894), кој тврдел дека: Бугарите потекнуваат од античките Тракијци; дека самите Тракијци, всушност, биле Словени; дека тие биле автохтони жители на Балканот, а нивната миграција не била од зад Карпатите наваму, туку обратно. Нему сличен бил познатиот преродбеник и борец за ослободување од Османлиите, Георги Раковски (1821-1867), кој врз основа на некои стари и нејасни црковни ракописи заклучил дека Бугарите потекнуваат од древните Кимеријци, исчезнат народ од иранско или можеби тракијско потекло. Раковски ја отфрлал болгаристанската (туркијската) компонента во етногенезата на современите Бугари и тврдел дека нивното потекло е строго индоевропско и тоа директ од Индија! Тој тврдел и дека бугарскиот јазик е еден од најстарите на светот и дека потекнува директ од индискиот санскрит! Слично на нашите „стручњаци“, кои толкуваат античко-македонски зборови, во стилот „космос“ значело „кос мост“, Раковски тврдел дека санскрит всушност значи „сам-скрит“ (сам себеси се сокрил). На Раковски му се припишува и тврдењето дека дури и Наполеон бил Бугарин и дека неговото име всушност значело „на поле он“. Следен во низата антиквизатори бил Ганчо Ценов (1870-1949), а доста бизарна ми е сличноста на неговото име и презиме со оние на претходно споменатиот Цани Гинчев, како овој првиов да бил mirrored image на овој вториов. Во своето дело „Народноста на Старите Македонци“, Ценов тврдел дека далеку пред доаѓањето на Словените на Балканот, Бугарите веќе живееле на полуостровот и дека тие дури биле потомци на Александар Велики! Ценов негирал дека Античките Македонци биле Грци, затоа што овие вториве ги сметале првиве за варвари, а меѓу разните аргументи, тој ги навел и „Филипиките“ на Демостен (т.е. неговите говори против Филип Втори). На крај, Ценов заклучил дека Античките Македонци не исчезнале, туку дека тие само биле преименувани во Бугари (се мисли пред сè на етничките Бугари од географскиот регион Македонија или накусо, македонските Бугари, денес познати просто како Македонци). Иронично, ова им оди на рака на нашите антиквизатори и не би ме чудело тие да ги презеле своите тврдења токму од Ценов!

Некои читатели сега ќе одмавнат со рака и ќе речат дека ова биле само fringe теории, кои никогаш не биле прифатени од официјалната бугарска наука, за разлика од она што се случуваше во Македонија под груевизмот, кога псевдонауката кај нас стана mainstream. Но тоа не држи вода. Раковски важи за една од најзначајните личности на бугарската историја и преродба и тој воопшто не е сметан за некаков шарлатан или маргиналец, а во Бугарија и тоа како имало институционализирана манипулација со науката, за што сведочел дури и декларираниот националист Божидар Димитров.

Потеклото на зборот Бугарин (од македонскиот филм „Истрел“, чие дејствие е сместено во Втората Светска Војна).

Приказната за тоа како била препишувана историјата во Бугарија од страна на нејзината академија и другите институции е отприлика следна. Во времето на сојузништвото на Бугарија со Третиот Рајх, нејзините историчари го минимизирале учеството на Словените во етногенезата на современите Бугари, затоа што словенството било неподобно за нацизмот, па се одело на пренагласување на нивното болгаристанско (туркијско) потекло. Но откако во 1944 год., Бугарија била заземена од советските трупи и во неа бил воспоставен режим по мерките на Москва, нештата биле превртени наопаку – Словените одеднаш станале миленици на науката, а Болгаристанците биле маргинализирани. Во средината на 1950-тите, Сталин веќе бил мртов и стегите на Москва малку попуштиле, а на власт во Бугарија веќе стапил Тодор Живков, кој започнал да турка националистички агенди, за во доцните 1960-ти и 1970-тите, под влијание на неговата ќерка Људмила, тие негови агенди да добијат обриси на антиквизација, поконкретно, тракијска.

За стандартите на она сиво комуњарско време, Људмила важела за ексцентрик – неа ја привлекувале индиската филозофија, јогата, езотеријата, мистиката, окултизмот, парапсихологијата и вегетаријанството, а читателите ќе се сетат дека токму тогаш, вистинска ѕвезда во Бугарија станала видовитата Баба Ванѓа. Што е за право, сево ова нема врска со марксистичкиот материјализам и атеизам, но Живков, познат по прекарот Тато, сешто ѝ дозволувал на својата „црвена принцеза“ Људмила. Таа имала силно влијание врз општествено – политичкиот живот на Бугарија и дури станала претседател на Комитетот (министерството) за уметност и култура, кој реализирал повеќе проекти поврзани со Тракијците: започнале интензивни археолошки ископувања, Софија била домаќин на првата меѓународна конференција за тракологија, а била организирана и турнеја на музејската изложба „Тракијската уметност и култура по бугарските земји“ низ 30 светски држави. Во сево ова, се чини, се криел и еден комплекс на нижа вредност – бугарското културно – историско наследство не било доволно „блескаво“, што требало да се компензира со античките Тракијци (како некаква алтернатива на Старите Грци), а воедно, ова требало да послужи за извесно подотворање на Бугарија кон светот.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Антички Бугари: Царицата Роза и царот Севт Трети, Казанлак, некаде во 1970-тите или 80-тите.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Царицата Роза на двоколка, 1968.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Мисиците и царот Севт Трети, 1972.

Ова помодарство инспирирало некои историчари да тврдат дека античките Тракијци се трета компонента во етногенезата на современите Бугари, рамо до рамо со Болгаристанците и Словените, што е мошне дискутабилно. Кога во раниот Среден Век, Словените и Болгаристанците дошле на Балканот, веќе било доцна за некакви антички Тракијци, кои веќе одамна биле побијени, појебени, римјанизирани или погрчени и инкорпорирани во Византиската Империја. Фактички, муабетов е сличен на оној нашиот за Античките Македонци. Како и да е, во раните 1970-ти, од печат излегле „Образување на бугарската народност“ на академик Димитар Ангелов, кој на Тракијците им давал водечко место, потоа „Древнотракијско наследство во бугарскиот фолклор“ на Евгениј Теодоров и други контроверзни научни трудови, но се смета дека основите за оваа антиквизација биле поставени од Атанас Милчев и Иван Дујчев во втората половина на 60-тите.

Нашите антиквизатори како свој херој го имаат Александар, а нивните колеги од Бугарија го зеле побунетиот римски гладијатор од тракијско потекло Спартак, што сигурно им одговарало на нејзините комунистички властодршци (демек, ете, револуционер). Тракиец, наводно, бил и митскиот музичар Орфеј, познат по својата лира, а случајно или не, меѓународниот фестивал за забавна музика „Песни на бугарското Црноморие“ бил преименуван во „Златен Орфеј“. Во градот Казанлак се одржува еден поинаков фестивал – оној на розите, затоа што тој крај е познат по нивното одгледување, а таму бил лоциран и древниот Севтеполис, престолнината на тракијскиот крал Севт(ес) Трети, па во доцните 1960-ти, во фестивалската програма севте биле уфрлени антиквизаторски елементи. Тука дефилирале учесници облечени во антички туники и тоги и се одржувал избор за мис, „Царица Роза“, која добивала круна, слична на оние тракијските, додека друштво ѝ правело момче, задолжено за улогата на Севт Трети. Како што ние кршевме копја со Грците околу Александар, така Бугарите имале закачки со нив околу богот на виното Дионис, за кого не е најјасно дали навистина бил грчки или изворно бил тракијски, а со тоа и „бугарски“. Исто како и Севт Трети, и Дионис е вклучен во бугарските фестивалски програми, поконкретно во „Дефилето на младото вино“, кое секоја година се одржува во Пловдив. Некој во сево ова гледа само добра забава и туризам, но тоа не е нималку наивно. Како резултат на оваа опсесија со Тракијците, сега постојат Бугари, кои мртви озбилни изјавуваат дека во нивните вени тече крвта на Спартак, Орфеј и Залмоксис, а патем да објаснам дека овој последниов бил некаков тракијски цар и/или бог.

„Дефиле на младото вино“ во Пловдив.

„Дефиле на младото вино“ во Пловдив.

Од античко-тракијскиот јазик се познати едвај триесетина зборови, но Бугарите од тоа направиле цела тракологија, што помалку потсетува на протохронизмот (дакијската антиквизација или дакоманија) во соседна Романија, тогаш под власта на диктаторот Николае Чаушеску, или можеби на илиризмот на Енвер Хоџа во Албанија. Комунизмот, во принцип, пропагирал интернационализам, но во пракса, тој воопшто не бил имун на национализмот. Ваквите пројави на национализам (или, според некои, патриотизам) биле поздравувани од голем број на Бугари, односно Романци или Албанци, затоа што во тоа тие гледале еден вид на осамостојување од Москва (додуша, Бугарија не се дистанцирала од неа до тој степен како што тоа го сториле Романија и Албанија). Ова однесување на Живков претставувало и негово раскрстување со наследството од Георги Димитров, Сталин и Коминтерната и нивните некогашни политики, кои од страна на многу бугарски граѓани биле доживувани како антинационални и предавнички (напр. признавањето на етничкото македонско малцинство во Пиринскиот крај). Живков го вратил етничкото македонско малцинство назад кон бугарштината и спроведувал асимилација на она турското, што подетално ќе биде објаснето подоцна. Колку за споредба, Чаушеску често доаѓал во судир со Унгарците и го тероризирал нивното малцинство во Романија, а Енвер Хоџа ги поддржувал великоалбанските идеи.

Антиквизаторското лудило во Бугарија отишло до тоа дереџе, што Људмила побарала од Баба Ванѓа да искомуницира со духот на Леонардо Да Винчи и да ѝ помогне во пронаоѓањето на гробницата на египетската богиња Бастет на планината Странџа во Југоисточна Бугарија, кајшто, наводно, се криеле загадочни знаења, кои од корен можеле да го изменат човештвото. Арно ама, планот бил осуетен заради прераната и подеднакво загадочна смрт на Људмила – на 21.06.1981 год., неа ја нашле мртва во када како Џим Морисон.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Болгаристанскиот хан Крум во комплексот „Создавачите на бугарската држава“ во Шумен.

Името на Људмила Живкова сега го краси софискиот Национален Дворец на Културата (НДК), затоа што таа била иницијатор за неговата изградба, а во него, наводно, се инкорпорирани некои мистично – окултни симболи (напр. сонцето над влезот и сл.). НДК бил само дел од мегаломанскиот градежен проект „1300 години Бугарија“ (1981), кој помалку потсетува на „Скопје 2014“, додуша, со пар битни разлики. Како прво, тема на проектот било основањето на Првото Бугарско Царство во 681 год., па антиката тука не била толку застапена, колку што биле болгаристанските ханови, а како второ, стилски овој проект не бил како нашиот „барок“, туку бил повеќе кубистички и модернистички. Сепак, проектот бил изразито националистички и мошне скап и амбициозен, затоа што подразбирал изградба на архитектонски комплекси дури и во непристапните планински подрачја!

Во најново време, во Европска Бугарија во мода се тврдењата за иранското или индоевропското потекло на древните предсловенски Бугари, при што, она туркијското се отфрла како недовољно cool. Божидар Димитров има тврдено дека древните прото-Бугари и Словените „говореле на слични индоевропски јазици“, што, демек, „придонело за нивна полесна симбиоза“. Бугарскиот археолог Рашо Рашев ја отфрла тезата дека прото-Бугарите имале тураноиден изглед и тврди дека „тие повеќе личеле на европеидите“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Бугари у помаранџести вентијаги и одрпани бермуди од бувљак чекаат визи. Зошто им се визи кога се одамна во ЕУ, не знам, но тие си чекаат.

БОЛГАРИСТАНСКИ ОРДИ

Јас не негирам историска поврзаност меѓу Македонците и Бугарите, и како таков, јас бев еден од првите (ако не и првиот) на некогаш познатата блог-платформа Блогерај, кој се обиде да дискутира за сите тие табу теми, што беше пред речиси деценија и пол. Но од страна на бугарските блогери, кои тогаш земаа масовно учество во таа платформа, немаше никаква желба за нормален дијалог, туку тие се однесуваа арогантно, нетактично и агресивно, што само ги алиенираше македонските блогери. Наместо некакво помирување, тоа создаде контра-ефект и сосема оправдан отпор од страна на македонската блог заедница, вклучително и од моја страна.

Стотици платени блогери од Бугарија тогаш масовно го спамираа нашиот блог простор и со cyber bullying се обидуваа да ни ги наметнат своите ставови. Бугарските блогери таму пројавија една таква вулгарност и примитивизам, што тоа беше запрепастувачки и само ги потхрани грдите стереотипи за „болгаристанските орди“. Македонските блогери беа секојдневно (и што е најлошо, на свој терен) опсипувани со најдолни навреди, а бугарските блогери во гестаповско-чекистички стил прибираа лични податоци за секого од нас и ги објавуваа со цел да нè заплашат и замолчат (повеќето наши блогери тогаш објавуваа под псевдоними и сакаа да си ја зачуваат својата приватност).

Од бугарските блогови отворени на нашиот Блогерај се гледаше дека тие биле подготвени од познавачи на HTML, CSS и други техники за веб дизајн, што беше доказ повеќе за организираната природа на овој cyber attack. Администраторите на Блогерајот не преземаа многу за да го спречат истиот, но дури и кога тие ќе преземеа нешто и кога некој бугарски блог ќе беше избришан, тој мошне бргу ќе беше реставриран, што покажуваше дека зад истиот стоеле упатени компјутерџии. Следејќи ги IP адресите од коишто тие доаѓаа, забележав дека некои од нив му припаѓаа на бугарското МВР (веројатно се работи за озлогласената Държавна Сигурност). Иронично, еден од тие бугарски блогери имаше псевдоним „Комитата“, а всушност беше класичен комунистички стукач или доносник (или по наше, кодош).

Наместо „поле за културен натпревар меѓу народите“, Блогерајот стана минско поле, а најчитана и најкоментирана статија на сите времиња стана „Бугарите – што народ е тоа“. Се појави и еден македонски блогер, „Вашиот сосед“, кој ги исмејуваше своите источни соседи со доста вулгарни и шовинистички photoshop монтажи и flash анимации, но тој не беше многу читан и влијателен. И сè ќе си поминеше незабележано, доколку за него не се заинтересираа бугарските медиуми. Верувале или не, бугарската телевизија БТВ направи сензационалистичка документарна емисија за „Вашиот сосед“, во која свои мислења изложија бројни бугарски аналитичари, академици и политичари. Мене ми е жал што видеозаписот од таа емисија веќе не е достапен на Youtube, но тоа беше вистински „Монти Пајтон“! Апсурдистан! Па зарем е можно во една цивилизирана европска земја, еминентни јавни личности да се занимаваат со некаков маргиналец?! Бугарскиот печат грмеше околу „Вашият съсед“, а со своја официјална декларација истапи и најмоќната бугарска политичка партија ГЕРБ, како и Македонскиот Научен Институт од Софија. Степенот на искомплексираност на нашите источни соседи се покажа запрепастувачки, а нам ни беше жал за нив и ние буквално плачевме (од смеа). Бугарски хакери го соборија спорниот блог, но наскоро, тој се појави на малку подизменета адреса, а за сè да биде уште покомплицирано, како негов автор беше набеден Миле Стојкоски, македонски параолимпиец, познат по својот амбициозен план со инвалидска количка да пристигне до Олимпијадата 2008 во Пекинг, но тој (Стојкоски, не Пекинг) ја демантираше својата вмешаност во случајот. Да беше вмешан Пекинг, нештата ќе добиеја интересен хладноратовски шмек. Знаете, НР Бугарија била сојузник на Источниот Блок и СССР, а тој имал идеолошки разидувања со НР Кина и Мао Це Тунг, што дури довело до куса советско-кинеска војна. Во 1965 год., маоисти од редовите на бугарските вооружени сили дури неуспешно се обиделе на Живков да му направат пуч.

Судири меѓу Македонците и Бугарите имаше и на англиската Википедија (онаа највлијателната), кајшто бугарски и грчки едитори организирано ги запоседнаа сите статии во врска со Македонија и стражареа над нив 24/7, како тие да се нивна приватна сопственост. Како што знаете, тоа е ентузијастичка „енциклопедија“, во која секој може да учествува, што остава можност за секакви злоупотреби. Сум рекол и стопати ќе речам: ако бугарски едитор напише дека Миладиновци објавиле зборник „Бугарски народни песни“ – пред фактите и боговите молчат! Но ако тој тврди дека „Македонско девојче“ е „стара бугарска песна“, иако тоа е новокомпониран народњак на Јонче Христовски од 1964 год. – тоа е апсурд! Кога сме веќе кај новокомпонираните народњаци, Бугарите се озлогласени по најбезобѕирното крадење на македонски песни од таков вид. Кога јас за првпат во животот ја посетив Софија, во стоковната куќа ЦУМ мене ме пречека песната „Тамбуро моја“ на Драган Мијалковски од Фолк Фест Валандово 1988, но во изведба на Панајот Панајотов од 1992 год. Ама добредојде! Доколку се работи за изворни песни, некако би поминало оправданието дека имаме заедничка историја и дека тие се општобугарски, но што правиме со оние напишани по етаблирањето на македонизмот во 1944 год.? И настрана политика и историја, чуле ли Бугариве за copyright? Што правиме со песни со уредно наведен композитор и текстописец, што се внесени во ЗАМП или сличните авторски агенции? Врв на иронијата беше тоа што Бугарите ја украдоа дури и онаа анти-бугарската и антиквизаторската – „Ние не сме Грци, Бугари и Срби, чеда сме на Александар“. Браќа Бугари, дури и да сме имале заедничка историја, она што било по АСНОМ веќе не е ваше, туку е создавано од име на етнички Македонци. Зајебот тука е што ни Павел Шатев не испаѓа ваш, затоа што, иако тој долго се изјаснувал за Бугарин, на крај, тој сепак фатил фотелја во тој македонистички естаблишмент, иако, навистина, тој не бил стопроцентен послушник, заради што, тој подоцна пострадал. Со цел да го дискредитираат ним омразениот Колишевски, Бугарите му напишаа на Википедија дека тој се изјаснил за Бугарин во својата молба за помилување од смртна казна во 1941 год., па иако моето мислење за него е прилично негативно, ова сепак беше неумесно од нивна страна. Зарем некој може слободно да се изјасни за било што кога е пред стрелачки вод или гиљотина?! Зарем сега ќе ме убедувате дека Македонците кои земаат бугарски пасоши тоа го прават од „длабоки убедувања“?! Иронично, некои од нив дури заверуваат нотарски изјави дека не се Бугари и дека се принудени да се изјаснат како такви заради својата егзистенција, а слични проблеми имале и нашите Егејци кога сакале да се вратат на своите огништа во Грција. Кај странските читатели на Википедија особена збрка внесуваше следново: ако, например, бугарски едитор напише дека Делчев бил Бугарин (со што јас лично немам проблем), тие можат да помислат дека тој бил од просторите на Бугарија, исто како што за некој Турчин од Македонија ќе помислат дека бил од Турција, или за некој Албанец од Косово дека е од Албанија, или за некој Србин од Босна или Хрватска дека е од Србија. Тука, значи, се потребни куп дообјаснувања и на тоа мора мошне внимателно да му се пристапи (особено ако се говори за мултиетнички империи како онаа Османлиската, Византиската, Австро-Унгарската или др.). Бугарските едитори на Википедија работеа крајно неенциклопедиски и тука имаше секакви лупетања и дубиозни „референци“, од типот на лични сајтчиња, скенирани „документи“ од нејасно потекло, како и книги од автори за кои никој жив не чул. Дури и на обичните смртници им стана јасно какви злоупотреби има на Википедија и таа загуби многу од својот кредибилитет. И тоа, не само на Балканов, туку и глобално! Ако некој денес во дебата се повикува на Википедија – тој ќе биде исмеан.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Европска Унија.

Но што всушност стоеше зад таа организирана „интернет војна“? Одговорот е мошне прост: Бугарите тогаш влегуваа во ЕУ, што ги стави во некаква позиција на сила. За таа војна сигурно биле злоупотребени и дотации од ЕУ, наменети за прехранување на изгладнетите жители на нејзината најнова и најсиромашна членка – Бугарија. Оттогаш мина деценија и кусур, но состојбата останува неизменета. За жал, Бугарија е најзаостанатата земја во ЕУ, а нејзините граѓани гладуваат и немаат ни за Б’ргер кинг, Кентаки фрајд чикен, Пица хат, Данкинг доунатс. Бугарите сега масовно протестираат по улиците или просат по истите, а бугарските родители им велат на своите деца: „Ако на крај на година сите ти се петки, ќе те однесам во слаткарница да гледаш луѓе како јадат колачи“. Оттаму не изненадуваат масовните собири на Бугари во последно време пред излози на ресторани и други заведенија за општествена самоисхрана. Можеби е крајно време Македонија да ѝ испрати на Бугарија хуманитарна помош (двопек, конзерви, супа на растварање, шатори, ќебиња и др.).

ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ

Апсурдистан: Влада, мафија, МВР.

Апсурдистан: Влада, мафија, МВР.

Апсурдистан (лево) и „среќни Бугари“ како буричкаат у контењер (десно).

Апсурдистан (лево) и „среќни Бугари“ како буричкаат у контењер (десно).

Додека јас жестоко се расправав со бугарските блогери, среде оние нашите имаше и такви кои повикуваа на смирување на страстите, толеранција, политичка коректност, хипи и сл. Еден од нив беше Анастас Вангели, тогаш блогер под псевдонимот Вуна, а сега веќе меѓународно признат публицист и аналитичар, кој воглавно се занимава со критика на балканските шовинизми (значи, човек на место, кого мошне го почитувам). Тој контактираше со бугарските блогери и со некои од нив дури лично се запозна, но погледнете каква иронија на судбината му се случи нему. Тој студираше во некои странски земји до кои често леташе од соседна Бугарија, кајшто, во 2014 год., тој имаше прилика одблиску да се запознае со нејзините европски вредности. На автобуската во Софија, тој бил запрен од некакви полицајци, кои го одвеле во некое сопче, кајштo го претресувале и шиканирале, со цел да му изнудат пари. Вангели го опиша сето тоа онлајн, што беше пренесено и од други медиуми, но има и слични случаи, ако не и многу полоши, кои, за жал, остануваат необјавени.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Убавините на Бугарија: Велико Трново.

Кога сме кај патувањата, читам доста поплаки за бугарските одморалишта, од кои, најозлогласено е Слънчев бряг (Sunny Beach), како по своите криминогени мештани, така и по самите туристи, најчесто Англичани, кои пијат и кркаат дроги без усул и бахато се однесуваат. Бугарија нема монденски места за да привлече фин свет, па во неа главно одмараат енглески клошари и chavs од Манчестер, Лидс, Њукасл, Шефилд и сл. Немајќи што друго да понуди, Бугарија се специјализираше за т.н. алкохолен туризам. Класика е дека во сите туристички места низ светот (па и кај нас) ќе се најдат лакоми или нељубезни таксисти и келнери, или, пак, разочарувачки хотели, но во поплаките за Слънчев бряг гледам многу посериозни проблеми отколку само „кукање на разгалени западни туристи“. Тие говорат за бугарски таксисти, кои за кусо возење бараат по €10-30-50 и дури се закануваат со ножеви; бугарски банди, кои пред ноќните клубови начекуваат пијани туристи и ги претепуваат и ограбуваат; дрпање на ташни, мобилни и фотоапарати по плажи и кафулиња; провали по хотелски соби; атрактивни девојки, кои заведуваат наивни туристи, со цел да ги ограбат; локали, кои на гостите им врачуваат астрономски сметки и со закани ги наплаќаат; сомнителни улични менувачи на девизи; трговци со „скиминг“ уреди за клонирање на платежни картички; измами на странци при купопродажба на викендички; корумпирани полицајци итн… итн… Британската влада дури објави предупредувања за оние кои планираат одмор во Бугарија, со акцент токму на Sunny Beach. Меѓународниот туризам започнал да се развива во Бугарија некаде во 1960-тите, кога на комунистичкиот режим очајно му затребала цврста странска валута (проклета је Америка, ал’ долар си е долар), па Слънчев бряг уше тогаш станал озлогласен по криминалот и проституцијата. Не велам дека Македонија е идеална (далеку од тоа), но ние барем не сме сметани за дел од развиениот свет и ние барем се трудиме да се подобриме, па дури беше организирана владината кампања „Ти си лицето на твојата земја“ со оние ТВ реклами, пародии на документарците на зоологот Стив Ирвин, преку кои учевме како не треба да ги третираме странските гости. Таму имаше реклами на тема: македонски келнер, македонски таксист, македонска пансионска газдарица и сл., а истите ги има и на Youtube, кајшто, во коментарите, гледачите од Бугарија признаваат дека таква кампања е крајно неопходна и во нивната земја.

008_karmadonska_tikvizacija_bugarija_vbb

Бугарија не требаше да биде просто така примена во Евроатланскиот клуб, за што, таа не беше созреана, ниту општествено, ниту политички, уште помалку економски, а богами ни воено. На 03.07.2008 год., значи, околу четири години по нејзиниот влез во НАТО, на Бугарија ѝ се случи Хирошима – огромна експлозија во воениот склад во Челопечене, само десетина километри од центарот на Софија, по што се испостави дека за чувањето на 1500 тони артилериска муниција биле задолжени две пензионирани воени лица, а околу 200 тони исчезнале и веројатно завршиле на црниот пазар. Велик е нашият войник! Експлозиите разурнале повеќе објекти и дури пострадале прозорците на софискиот аеродром, кој морал да биде привремено затворен, а летовите биле пренасочени кон Пловдив. Но ова не чуди кога ќе се земе в предвид какви луѓе таму се поставуваат за министри за одбрана – тогашниот беше Николај Цонев, подоцна спектакуларно уапсен за некои злоупотреби на службената должност. Како може една таква армија да биде примена во НАТО? Слично нешто се случи и во Албанија, кајшто, на 17.02.2008 год., експлодира воен склад во с. Грдец, но за чудо, во следната година, таа беше примена во НАТО. Проблеми има и во други НАТО и/или ЕУ членки: Романија, за жал, е сиромашна и корумпирана; во Турција јакне исламизмот и нео-отоманизмот; Грција банкротираше, па поразвиените европски земји мораа да ја вадат од лајна, а таа е озлогласена и по својата репресија над етничките малцинства; додека Кипар е крња држава и нема суверенитет над половина од својата територија (турскиот Северен Кипар). Како овие земји се најдоа во исто друштво со величини како Германија, Франција, Италија, Бенелукс и Скандинавија?

Пред влезот на Македонија во НАТО се отвори прашањето дали нејзиниот воздушен простор ќе го бранат Грците или Бугарите, за што, овие вторите беа доста заинтересирани и дури тврдеа дека ним наскоро требало да им пристигнат нови авиони F-16, но се испостави дека за нив се њамало пари и дека бугарското воздухопловство сè уште користи двокрилци од Прва Светска Војна. Сегашниот бугарски министер за одбрана, да спомнам, е нашиот познаник Красимир Каракачанов, така што мислам дека сè ви стана јасно.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.

Посебен проблем се бугарските атомски електроцентрали (АЕЦ), кои се бетер дури и од онаа во босанската хумористична ТВ серија „Топ листа надреалиста“, во која работници разбиваа атоми со чекани и во која прозвучуваше антологиската реплика „Гаси Мехо!“. Според американски проценки од 1990-тите, АЕЦ Козлодуј спаѓала во 10-те најопасни на светот, заедно со онаа во Чернобил! Во Козлодуј се случиле низа хаварии, пожари и контаминација на воздухот, почвата и подземните води, како и на самите вработени, а тие самите се озлогласени по нарушувањето на процедурите, неодговорното однесување и слабата обученост. Во 2003 год., под притисок на ЕУ, повеќе реактори на овој „Балкански Чернобил“ биле исклучени, затоа што не соответствувале на европските стандарди за безбедност, но тој сè уште продолжува со работа.

018_karmadonska_tikvizacija_bugarija_vbb

Најголемиот (барем познат) нуклеарен инцидент во Бугарија се случил на 01.03.2006 год., значи, помалку од една година пред нејзиниот влез во ЕУ, но тој бил целосно обзнанет дури два месеци подоцна, благодарение на некои „свиркачи“ и еколошки активисти. Министер за енергетика тогаш бил Румен Овчаров, некогаш самиот вработен во АЕЦ Козлодуј, па неговото презиме ви кажува сè. АЕЦ Козлодуј била градена и нејзините вработени биле обучувани со помош од СССР (од истите оние „стручњаци“, кои го скењаа Чернобил), а во поново време, за нејзино одржување се ангажирани руските компании Росатом и Гидропресс, па катастрофалните резултати воопшто не изненадуваат (руска работа). Како можеше Бугарија да влезе во ЕУ и НАТО и како може нивна земја-членка да се стави себеси во таква технолошка зависност од Русија – никому не му е јасно. На 03.07.2019 год., во оваа недоквакана нуклеарка се случи најнов инцидент, што ми е мотив повеќе да ги критикувам негативностите на таа блиска, но за жал, во многу аспекти, дисфункционална држава. Наводно, тука „немало простор за паника“, но веќе одамна никој нема доверба во бугарските институции. Постојат и планови за старт на АЕЦ Белене, но околу неа има низа контроверзи: финансиски малверзации, местења на тендери и корупција, неводење сметка за сеизмичките својства на локацијата и за опасноста од тероризам. Тука по којзнае кој пат апелирам до македонската влада да се откаже од своите намери да инвестира во АЕЦ Белене, а за таа опасност веќе имам предупредувано во статиите „Чернобил“ и „Нуклеарни инциденти“.

Еден од критичарите на бугарската евроинтеграција беше британскиот политичар Најџел Фараж, но пред да го отфрлиме како тежок националист, евроскептик, популист и ксенофоб, мораме да бидеме објективни дека некои аргументи му држеа вода. Примањето во Унијата на сиромашни и несредени држави значи масовно доселување во неа на клошари, просјаци, џепароши, шибицари, проститутки, џаболебари на социјална помош и слични непожелни елементи, што и навистина се случи, па на крај Британија излезе од ЕУ со својот Brexit референдум. Фактички, Бугарија ја набрка Британија од ЕУ! Во 2013 год., Фараж лично ја посети Бугарија, а она што го дочека таму беше како од филмовите за Борат. Тоа можете да го видите во неговата (на Фараж, не на Борат) видео репортажа.

Британскиот политичар Најџел Фараж во Бугарија.

БУГАРСКО-БУГАРСКИ СПОРОВИ

Дури и некои наши јавни личности, кои имаат нескриени про-бугарски симпатии, се разочарани од состојбите во Бугарија и признаваат дека тоа е корумпирана и криминогена држава, во која сите крадат – „од портир до министер“ и дека некои бугарски политичари се однесуваат некоректно или надмено кон своите браќа во Македонија. Виктор Канзуров, например, го критикуваше министерот за Бугари во чужбина, покојниот Божидар Димитров, со зборовите „трчи-лажи“, „шарлатан“ и „простак“, и уште, со фолклорното „фурнаџиска лопата“.

Јас лично немам проблем да признаам дека преродбениците и илинденците се изјаснувале за Бугари, но тие сепак имале една македонска самобитност и гордост, барем во регионална, ако не во етничка смисла. Меѓу македонските Бугари и нивните источни браќа, кои биле прилично надмени и нетактични, имало куп недоразбирања и конфликти.

Еден од проблемите била кодификацијата на бугарскиот литературен јазик. За негова основа бил земен источниот говор, но не и оние западните (она што ние го нарекуваме македонски јазик, а Бугарите – дијалекти на бугарскиот јазик од географскиот регион Македонија). Наместо да се најде некакво средно решение, Бугарите практично ги алиенирале своите браќа во Македонија. Како застапник на монодијалектната основа се наведува Марин Дринов (1838-1906), еден од основачите на Бугарската Академија и нејзин прв претседател, а критичар на неговиот пристап бил нашиот Шапкарев, кој рекол: „Без македонските говори, кои кријат толку драгоцености, нашиот книжевен јазик ќе претставува целосен јазичен Вавилон“, односно, тој јазик ќе им биде неразбирлив на македонските Бугари. Книжевниот кружок на „Лозарите“, во којшто членувале повеќе активисти на ТМОРО / ВМОРО, се решиле да го печатат своето списание на западните говори, заради што, во Бугарија тие биле обвинувани за „македонски сепаратизам“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Изјавата на Сарафов за “The Times” за одделна македонска нација (извор). Колку таа му била „научно издржана“ е друг проблем, но таа била дадена.

ТМОРО / ВМОРО имале поинаков концепт за тоа како да се реши македонското прашање од оној на официјална Софија, т.е. Македонија да добие автономија во Османлиската Империја, за во нејзини рамки да биде заштитена од евентуална поделба помеѓу соседите, а подоцна се појавила идејата за незавиност. Значи, не Anschluß кон Бугарија, туку некакво средно, швајцарско решение, кое би ги задоволило сите етнички групи и би го сузбило иредентизмот. Некој ќе рече дека ова била мулти-култи утопија и дека требало да се оди на тврда националистичка варијанта, етнички чистења и анексија, како што правеле другите балкански држави, но идејата за „Швајцарија на Балканите“ си заживеала, затоа што ние сме еден фин, толерантен народ, за разлика од некои други (нема да ги именувам, само ќе ги погледнам). Некои наши револуционери го прифатиле ова решение чисто од практични причини, заради неможноста за директно приклучување кон Бугарија, на што сигурно би се спротивставиле Грција и Србија, но со тек на времето, се вообличила идејата за македонска држава и нација. Тоа ни кажува дека Македонските Бугари, иако Бугари, сепак се дистанцирале од официјална Софија, а честопати, таа грубо и надмено се однесувала кон нив и им се мешала во внатрешните работи. Во своето дистанцирање од Софија, револуционерот Борис Сарафов, воедно и офицер на бугарската армија, отишол доттаму, што во интервјуто за “The Times” од 12.04.1901 год., тој дури проговорел за одделна македонска нација! До тој степен сте го изнервирале вие, Бугарите! Еден од основачите на ТМОРО, Иван Хаџи Николов, раскажува: „Накај ноември учителите, родум од Бугарија, поднесоа молба до директорот, да им се дозволи да се хранат во пансионот, при што да си ја плаќаат храната. Им се дозволи. Хранејќи се заедно бев сведок на нивните постојани префрлувања на сметка на македонските Бугари, обвинувајќи ги за слаб патриотизам – ’ќе ми дајш пари, ќе се чинам Бугарин’ и сл. на тоа. Јас им ја истакнував борбата на македонските Бугари против туѓите пропаганди, која борба е поинтензивна и поголема одошто е борбата на Бугарите од другите бугарски географски области, Добруџа, Мизија и Тракија, туку тие постојано продолжуваа да ги исмејуваат своите југозападни сонародници, чии деца беа повикани да ги обучуваат и воспитуваат. Еден ден бевме излегле крај морето, да пиеме кафе во кафеаната ’Белви’. В. К’нчев беше многу зборлест, и меѓу другото во своите прикажувања рече дека тој дошол за учител во Солун, за да ја побугари Македонија. Тоа беше претерано и силно речено. Му приговорив дека не бива да зборува така и да се натценува себеси, бидејќи Македонија одамна е бугарска и дека македонските Бугари одамна водат борба против рутината; нејзе ѝ е потребна просвета што треба вистински да ја шират сите учители и духовници. Бугарската влада е на погрешен пат, – му одговорив, – Пред сè присоединувањето на цела Македонија е невозможно, затоа што спрема нејзини делови претендираат Грците и Србите. Присоединувањето на цела Македонија кон Бугарија може да стане само во случај на една победоносна војна против Турција, во помош на која ќе ѝ дојдат Грција и Србија. А ако Грците и Србите војуваат заедно со Бугарија против Турција, тие ќе бараат делови од Македонија: тие ќе бидат за распарчувањето на Македонија. А ние сакаме Македонија да ја запазиме цела во нејзините географски граници, што може да биде остварено преку бараната од нас автономија. Така ослободена Македонија ќе претставува една втора Бугарија, иако неприклучена кон мајката татковина. Од автономијата Бугарија и бугарскиот народ само добиваат“ (затворен цитат). Соосновачот на ТМОРО, Петар Поп Арсов, во својот памфлет „Стамболовштината во Македонија“ го критикувал штетното влијание на официјална Софија среде Македонските Бугари и дури екплицитно го употребува изразот „бугарска пропаганда“, а Јане Сандански, во Манифестот по повод Младотурската Револуција, објавен во Солун на 18.07.1908 год., на чист бугарски изјавува: „He подавајте им се на престапните агитации кои можеби ќе се поведат од официјалните власти во Бугарија“. Од сево ова гледаме дека Македонците, дури и навистина да биле Бугари, сепак си фурале некој свој „филм“, што на крај резултирало со создавање на одделна македонска нација. И не изненадува што ваквите судири меѓу Македонија и Бугарија, во една или друга форма, траат и ден денес. Тие не започнале со Тито и Коминтерната, како што тоа некои го поедноставуваат, па дури ни со Мисирков.

Бугарите со право укажуваат дека еден од називите на нашата револуционерна организација бил БМОРК; дека во нејзината програма било и Одринско, што не е во Македонија, туку во Тракија, кајшто нема „етнички Македонци“, туку Бугари, Турци и Грци; дека и таму имало востание (Преображенското) и република (Странџанската); како и тоа дека во редовите на ВМОРО имало многумина од Бугарија (не Пиринска Македонија), како: Пеју Јаворов (1878-1914), Христо Чернопеев (1868-1915), Георги Папанчев (1872-1903), Марко Лерински (1862-1902), Тодор Паница (1879-1925) и Михаил Герџиков (1877-1947), кои сепак се бореле за автономија на Македонија, а не за нејзин Anschluß кон Бугарија. Од ова се заклучува дека ова била борба на сите Бугари, а не само на оние македонските. Но дури и Бугарите сега признаваат дека првиот назив на организацијата бил „Комитет за придобиване политическите права на Македония, дадени от Берлинския договор“ и дури подоцна БМОРК, и тоа, само во кус период; дека Одринско не било во првичната програма, туку влегло во неа подоцна; дека тракијските Бугари не се кренале на Илинден, туку 17 дена подоцна, на Преображение; и на крај, сигурно имало некоја добра причина зошто била отстранета буквата „О“ од ВМ(О)РО. Значи, меѓу Бугарите од разните региони сепак имало некакви разлики. На крајот на краиштата, мотото на организацијата било „Македонија на Македонците“, додуша, во онаа регионална и мултиетничка смисла, но сепак, Македонија како одделен ентитет. Кога јуришале и гинеле нашите револуционери, тие извикувале „За Македонија!“, а не „За Бугарија!“. Значи, тука сепак имало некаква македонска самобитност, ако не во етничка, тогаш во регионална смисла, што подоцна послужило за формирање на нова нација. Не било сè измислено во 1944-тата и крајно време е тој муабет за Тито и Коминтерната да заврши. Дека Тито и Коминтерната правеле некаков „етно-инжинеринг“ – правеле, и со тој непријатен факт, ние, Македонците, мораме да се соочиме, но Бугарите мора да се соочат со фактот дека тој „инжинеринг“ сепак се базирал на нешто што веќе постоело како идеја. Таа можеби не била најиздржана и најдоквакана, ама сепак постоела. Значи, сепак имало некаква „сламка“ за која таа нова македонска нација можела „да се фати“. И евидентно, таа приказна била прифатена среде населението и тоа не ја чувствува истата како туѓа и наметната, затоа што, дури и кога сме биле Бугари, сепак сме биле и Македонци, во регионална смисла.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Братство-јединство: великосрпскиот националист Братислав Живковић и бугарскиот Живко Иванов.

Бугарите нè обвинуваат дека сме југоносталгичари и сръбски мекерета и дека сме под силно влијание на српската (не)култура, во таа смисла, на турбофолкот, кој доминира во нашиот ноќен живот и РТВ програмите. Во тоа, за жал, има вистина, но чекајте, браќа Бугари, па вие имате ТВ Планета, која е потурбофолк дури и од српската ТВ Пинк! Па вие, Бугарите, ја дочекувавте Лепа Брена на преполни стадиони да ви долета со хеликоптер, а во поново време, и Цеца, сопругата на српскиот националист, воен злосторник и мафијаш Аркан! Шоуменот Слави Трифонов, кој е, демек, „бугарски патриот“, ја опишува Цеца како своја лична пријателка, а нејзините настапи по софиските арени „су дупке пуни“ и сите ги знаат нејзините песни наизуст! Бугарското додворување кон Србите и Грците е фрапантно! Ми се случувало на тие бугарски ТВ канали да налетам и на некоја квази – грчка песна со бузуки мотиви, па дури пејачите да личат на Грци со виткана џигерица и да завијаат к’о нив. Често гледам и Бугари и Грци како се грлат и љубат по онлајн форуми и прават заеднички завери против Македонија, па зарем тие не се меѓусебни архинепријатели? Еднаш не чув бугарското МНР да бекне за правата на своето (односно нашето) малцинство во Грција, пошто, нели, со неа Бугарите не смеат да се чачкаат, а со нас смеат, од што е изреволтиран бугарскиот политичар и етнограф Костадин Костадинов. Српскиот четнички војвода Братислав Живковић, озлогласен по своите активности во Босна и Крим, има престојувано во Бугарија, кај про-руската активистка Дијана Алексиева, со која собирал доброволци за војната во Украина, во што биле вмешани политичари од бугарската партија Атака и организацијата „Православна зора“ на Живко Иванов и Павел Чернев. Бугарски наемници дури зеле учество во Босанската војна, и тоа, на српска страна! Ваква патолошка србоманија и гркоманија нема ни у Београду!

Знамето на бугарската народност во СФР Југославија.

Знамето на бугарската народност во СФР Југославија.

Не спорам дека во нашата историографија има фалсификати, ниту дека биле спроведувани репресии, па дури слободно ќе речам, културцид над бугарштината во Македонија. Но не е сè баш така црно-бело како што си замислуваат нашите источни соседи. Како прво, не е баш точно дека во СР Македонија, односно, СФР Југославија, не смеело да се спомне ништо бугарско. Па Бугарите најнормално фигурирале во југословенските пописи! Например, оној од 1971 год. забележал 58627 Бугари во цела Југославија, од што, 3334 во Македонија, што за нас е особено интересно и дури зачудувачко. Навистина, бројкава е скромна, но Бугарите сепак ги имало, и тоа, неколку илјади. Во 1961 год., во Југославија имало 62624 Бугари, од што, 3087 во Македонија, додека бројките од 1948 год. се 61140 за целата федерација и само 889 за нашата република. Можеби објаснувањето за малата бројка е тоа што тогаш режимот бил премногу крут, но дури и тогаш Бугарите ги имало во пописот. Куриозитет е тоа што најмногу Бугари кај нас тогаш биле попишани токму во главниот град Скопје (275). Најмногу Југословенски Бугари живееле во Србија (некаде околу 55 илјади, зависно од годината на пописот), главно во Босилеград, Димитровград и другите места кои во Бугарија се нарекуваат Западните Покраини, а кои неправедно потпаднале под југословенска власт по сила на Нејскиот мировен договор по Првата Светска Војна. Во Титова Југославија, тамошните Бугари сепак добиле некакви (макар и курати) права, значи настава и медиуми на мајчин јазик, па дури и знаме, само со мали модификации во однос на она бугарското. Димитровград (бивши Цариброд) бил преименуван во чест на бугарскиот премиер Георги Димитров, а весникот на бугарското малцинство во СФРЈ – „Братство“, сега можете да го читате скениран онлајн. Да не ме сфатите погрешно – далеку од тоа дека под Тито сè било „розово“ и јас сигурно не би сакал да заминам „на одмор“ на Голи Оток, но бугарската јавност треба објективно да се информира. Нејзе ѝ се сервираат крајно поедноставени наративи за „србо-комунистичкото ропство“, а притоа се занемарува фактот, дека токму Србија била најнезадоволната република во СФРЈ; дека Хрватот Тито ѝ ги „поткастрил крилјата“ со признавањето на СР Македонија, СР Црна Гора, СР Босна и Херцеговина и САП Војводина и САП Косово; дека тој се пресметувал со влијателните српски кадри (напр. со шефот на УДБ-а, Ранковиќ); дека се водел од максимата „Слаба Србија – јака Југославија“; дека го наметнал фамозниот Устав од 1974 год., со којшто Косово добило уште поширока автономија, да не речам, државност; дека сево ова создало фрустрација кај Србите, што кулминирало со Меморандумот на САНУ и појавата на Милошевиќ, „Нико не сме да вас бије“, говор на Газиместану, Антибирократската Револуција итн… итн… После сево ова да ја наречете Титовата политика „про-српска“ е малку чудно, особено затоа што ја водел Хрват, кого српските националисти и четници го нарекуваат „Србождер“. Но добро, можеби Бугарите само сакаат да укажат дека комунистите ја прифатиле великосрпската теза на Стојан Новаковиќ од крајот на XIX и почетокот на XX век за „Македонските Словени кои се блиски до Србите и кои се разликуваат од Бугарите“. Иако во тие бугарски тврдења најверојатно има вистина, нештата сепак не се така црно-бели. Бугарите за себе шират еден позитивен стереотип дека се „многу начитани“, но евидентно е дека се површни и слепи за нијанси.

Честа мета на бугарските критики е и МАНУ, која, објективно, има свои гревови, но Бугарите треба да сфатат дека во неа не членувале само ним омразените (Б)лаже Ристовски и (Б)лаже Конески, туку и академици кои воопшто не се занимавале со историја, филологија или лингвистика, туку со природни науки, медицина, електротехника, економија, право, литература, ликовна и музичка уметност. Тука сепак имало нешто позитивно, сигурно многу попозитивно од „високо-научниот“ труд „Българите първите европейци“ на Божидар Димитров. И сигурно попозитивно од пљачкашките походи во археолошкиот локалитет Требеништа, Охридско на бугарскиот археолог, подоцна претседател на Бугарската Академија, Богдан Филов, кој најпосле, како премиер на Бугарија, закопа 7000 Македонски Евреи. Тоа се отприлика дострелите на славната бугарска академија. Ако е некаква олеснителна околност (или бедна утеха), во времето на Тито, МАНУ се држела до словенската линија и барем не забегувала во антиквизации, а иронично, во тоа забега политичката партија, која, демек, требаше да биде пробугарска – ВМРО-ДПМНЕ. Кога се расправавме со бугарските блогери во средината на 2000-тите, тие направија една катастрофална проценка дека СДСМ се бивши југо-комуњари и бугарофоби, кои треба да си заминат, додека ВМРО-ДПМНЕ си е про-бугарска партија, по чие стапување на власт, историските неправди ќе бидат исправени. Горе-долу во тоа време, Груевски стана премиер, но иронично, тој не само што не се зближи со Бугарија, туку ни донесе Хунзи усред Скопје и ни изгради антиквизаторски Дизниленд! Па човече божји, во споредба со тоа лудило, југо-комуњарите, со сите свои гревови делуваа далеку попристојно! Всушност, антиквизацијата не беше нешто ново во ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тоа што партијата навистина имаше про-бугарски елементи, таа отсекогаш имаше и антиквизаторско крило, под силно влијание на дијаспората. Александар Македонски и сонцето од Вергина беа присутни во ВМРО-ДПМНЕ од самите нивни почетоци, уште на нивните први плакати во 1990 год., фактички, уште пред распадот на Југославија! Па кој инсистираше Сонцето од Вергина да се најде на нашето државно знаме и кој со потсмев го нарекуваше ова новото – „вентилатор“? Истотака, ДПМНЕ отсекогаш привлекуваше лумпенски елементи (брадоњи со црвени беретки со лафчиња, со пиштол набутан у тренерка), а во времето на Љубчо Георгиевски, партијата се компромитираше со афери, финансиски и изборни малверзации, што кај добар дел од граѓаните создаде невидена одбојност. Сега, да не навредам некого, ама за таа партија се велеше: „Не се мијам, не се бричам, на ВМРО да личам“. Ете тоа беше таа ваша славна партија. Иронично, во ДПМНЕ се врткаат куп бивши удбаши, но нивните имиња сега не би ги споменувал (неам пари за по судови, па дајте некој доброволен прилог).

Еве и да се согласиме дека ние сме brainwashed Бугари, дали треба да исплукаме сè што било од АСНОМ, па наваму? Дали, например, јас треба да ја исплукам детската образовна ТВ серија „Бушава азбука“? Некој ќе праша зошто некој би плукал на таква невина детска серија. Сега ќе ти кажам зошто некој би плукал на таква невина детска серија ако сакаш да знаеш зошто некој би плукал на таква невина детска серија. Некој би плукал на таква невина детска серија, затоа што бушавата азбука претставена во неа е онаа на Блаже Конески, т.е. таа се темели врз делото на Мисирков и Вук Караџић и таа има експлицитно анти-бугарски карактер. Од таа азбука биле исфрлени буквите: Я (as in Македония), Щ (Щип), Ю (Югославия), Ъ (България) и др., а биле додадени: J, Њ, Ѓ, Ќ, Џ итн. Но ако го тргнеме тоа настрана, серијата е ремек дело. Тоа е нашиот “Sesame Street”, односно, најдобриот македонски ТВ продукт на сите времиња, благодарение на авторите Горан Стефановски и Слободан Унковски. Да ги исплукаме сега Унко и Горан покоен? Да го исплукаме и брат му, Влатко, и неговата група Леб и сол? Да го исплукаме и ансамблот „Танец“, кој половина век ги претставува нашите ора низ светот? Да ги исплукаме и поемите „Везилка“ и „Тешкото“ на Конески, фактички, најдобрите што ги имаме? Да ги исплукаме и Струшките Вечери, затоа што се во чест на „етничкиот Македонец“ Константин Миладинов? Да ги исплукаме и филмовите со комитска тематика „Мис Стон“ и „Солунските атентатори“, затоа што ги режирал Србинот Жика Митровић и затоа што во нив не се спомнува ништо бугарско? Е па, не е така просто, браќа Бугари. Па на крајот на краиштата, и вашата азбука е на некој начин fakе – мислите не знаеме дека по Втората Светска Војна, во Бугарија била спроведена контроверзна правописна реформа под силно руско влијание?

Па и ние имаме некоја гордост мајкомустара. Његош во својот „Горски вијенац“ го спомнува зборот „Срби“ минимум 458 квадрилиони пати („ми Срби ово, ми Срби оно“), но тој сепак бил владетел на одделна држава, Црна Гора. Нејзините жители, дури и да се Срби, сепак имаат нешто свое, во изгледот, говорот, менталитетот, носиите, ората, обичаите, начинот на живот и војување, кујната или шо ти ја знам, што ги прави поинакви од жителите на Краљево или Ваљево, а да не збориме за оние во Нови Сад или Кикинда. Молдавците навистина биле Романци, кои Сталин насила ги напикал во СССР и ги прогласил за „одделна нација“, но сепак, во Средниот Век, тие имале некакво Молдавско Кнежевство, значи, некаква самобитност, додуша, не во етничка, туку во регионална смисла. Молдовенизмот е слаба приказна, но ете дури и тој има некаква „сламка“ за која може „да се фати“. Во таа смисла, македонизмот е многу појака приказна (а и многу поромантична).

Бугарите и Македонците се рецимо како Германија и Австрија. Ние Македонците сме како Австријците, такви префинети, културни, бечка школа, љубим руке господична, јадеме сахер торти, моцарт кугелн и бечки шницли и танцуваме штраусови валцери на лепом плавом Дунаву, а нашите источни соседи се како некакви Германци – ждерат братвурст (кобасици) и сауеркраут (кисела зелка), залијаат со пиво и ждригаат, прдат. Значи, да, браќа, ама некако се срамиш од брат ти, рецимо си го однел на некој роѓенден со тебе, а он те брука – ждере кифлици и руска салата без усул, се смее со мефце заглавено меѓу зуби, се брише преку уста со рукав, превртуе шишиња кокта и јупи, жваља торти, ги брка женските од тебе к’о Зоки Туморот и сл. И сеа каде завршува субетнос, а каде почнува етнос? Каде завршува дијалект, а каде започнува јазик? Сложени прашања. Макс Вајнрајх рекол дека „Јазик е дијалект со армија и морнарица“. Македонија има армија и неколку патролни чамци во Охридското езеро, епа ете ти, ш’о? На крајот на краиштата, дури и вашиот Божидар Димитров призна дека нацијата не е биолошка работа, туку во неа има и културолошки, историски, политички и куп други елементи. Оригиналниот назив на Австрија звучи повеќе административно-географски отколку како назив за некаква етничка група (Österreich = Источно Царство, што е к’о да речеш Централноафричка Република). Австријците се мање-више ист народ со оној во соседна Германија, но заради некои историско-политички заврзлами, тие не влегле во пан-германскиот проект, па во 1871 год., тие не се обединиле со преостанатите германски држави (Прусија, Баварија, Саксонија, Вуртемберг, Баден, Олденбург, Мекленбург итн.). Австријците си фурале некој свој „филм“, нешто поразличен од оној во соседна Германија – тие си имале своја, Австриска Империја, а не Германска, и тие воделе битки и постигнувале спортски успеси под свое австриско знаме, а не германско. Интересно е дека Австријците дури имале свој австрофашизам, кој прилично се разликувал од германскиот нацизам, но таа нивна своеглавост завршила со Хитлеровиот Anschluß во 1938 год. Австрија не беше во оној првичен „пакет“ на земји кои се приклучија на ЕУ во 1992 год., туку Австријците го сторија тоа дури три години подоцна. Дали Германија, како постара ЕУ-членка, требаше да ја условува Австрија таа да ја препишува својата историја и да изјавува дека нејзините највидни личности како што се Моцарт и Фалко биле етнички Германци? Да не требаше Германија на Австрија да ѝ влезе со тенкови и пак да ѝ направи Anschluß? Австрија, брате, си е суверена држава, а кој што бил во етничка смисла, во случајов, е ирелевантно. Тоа е битно од аспект на историската наука (или историската вистина, ако сакате) и тоа треба да се истражува и за тоа треба да се пишува (што јас го правам на овој сајт), но тоа не може да биде услов за влез во ЕУ. Особено ако тоа условување доаѓа од најмладата и најутепаната земја-членка на ЕУ, Бугарија, која за Унијата не придонесува ништо, осим што ја преплави со клошараана, со што дури ги набрка Британците. За една држава да влезе у тој елитен клуб, белким таа треба да почитува некаков “dress code”, да има некое економско ниво, демократски институции, да не е корумпирана, да се однесува конструктивно и мирољубиво, да има некое реноме и влијание, да биде европска у секој поглед, и политички, и економски, и културолошки, но Бугарија не исполнува ни еден од тие услови.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Излезна виза за граѓаните на Народна Република Бугарија (на бугарски и руски јазик).

Бугарите прават неумесни споредби помеѓу Бугарија и Македонија, од една страна, и Западен и Источен Берлин, од друга, или можеби дури со Јужна и Северна Кореја? Од каде почитуваниот Младен Србиновски го извај муабетот дека, цитирам: „Република Македонија беше педесет години со најзатворени граници во Европа“? Не спорам дека кај нас имало бугарофобија, репресии и сето тоа, но don’t blow it out of proportion! Навистина, југо-бугарските односи биле затегнати во времето на Информбирото, во доцните 1940-ти и дел од 50-тите, но во нешто поолабавените 60-70-80-ти, меѓу двете земји и тоа како имало комуникација. Ако ништо друго, неврзаните Југословени имале слобода на движење, како кон Запад, така и кон Исток, па некои Македонци одморале во Бугарија и дури и студирале во неа. Ова им овозможувало на оние пољубопитните да се запознаат со бугарското гледање на македонското прашање, да ги посетат софиските музеи, библиотеки итн. Зарем Бугарите мислат дека УДБ-а цело време ни стоела со пиштол над глава? Знаете ли, например, дека познатиот македонски актер Петар Темелковски има дипломирано на Драмската академија во Софија во 1972 год., но иронично, тој не станал бугарофил, туку антиквизатор (бугарските професори очигледно зезнале работа или можда им бегал од часови). СФРЈ и НРБ имале взаемен безвизен режим и нивните граѓани можеле да се посетуваат, само што Бугарите морале да вадат излезни визи кај своите органи, но тоа бил нивен внатрешен проблем, а не вина на југословенската, односно, македонската страна. Само факти, никаква југоносталгија.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Плакат за настап на Никола Бадев во Бугарија, 1972.

Но затоа, на југо-бугарската граница редовно се одржувале погранични средби (крайгранични събори), познати и како „свиждања“, со ора, музики и сл., кои нуделе можност да се видат роднини и пријатели од обете страни на границата. Бугарите со овации ги проследувале Васка Илиева, Анка Гиева, Александар Сариевски и Зафир Хаџиманов, а Никола Бадев бил вистински Elvis! За овие приредби, не било невообичаено да се формираат дури и мешовити музички ансамбли. Југословените тогаш организирале за Бугарите автобуси до Струмица, Делчево, Димитровград или Босилеград, што најчесто било користено за шопинг, зашто многу стоки во Бугарија тогаш биле дефицитарни. Југословените со ова заработувале, но туркале и еден вид на пропаганда. Секако, тука имало и закачки – Македонците се туфкале кога некои нивни песни ќе биле претставени како бугарски, а Бугарите – кога нашите си дозволувале да запејат нешто во стилот: „Вардар, Егеј, Пирин“, „делете ја, парчете ја“, „има уште два-три дела за да биде цела“. За ова се дискутирало на партиските састанци на обете страни од границата, но генерално, атмосферата на „свиждањата“ била коректна. Патем, тука имало и доста шверцери – оние југословенските продавале фармерки, шушкавци, грамофонски плочи, кафе, дъвки и сл., а оние бугарските – сервиси за кафе, памучни производи, кашкавали и сл. Да потсетам и дека по Скопскиот земјотрес во 1963 год., Бугарија помогнала во изградбата на Универзалната сала, како и на средното училиште „Георги Димитров“, кое сè уште функционира под истото име. Накусо, Македонецот не бил изолиран од Бугарија, туку обратно, Бугарите биле изолирани од Македонија од страна на своите власти.

Погранична југословенско-бугарска средба во Благоевград, 1988.

Вас, Бугарите, особено ве налути македонскиот филм „Трето полувреме“, во којшто е претставен Холокаустот во Македонија и вие сте револтирани што вашите воени злосторници биле судени во повоениот период. Никогаш не сум спорел дека кај нас имало репресии, монтирани процеси и недолжни жртви. Но дали вие имате барем грам самокритичност и дали сте вие подготвени да ги признаете своите грешки? Кажи ми, ’леба ти, седумте илјади Македонски Евреи, кои ги натоваривте у сточни вагони, да не добија фер судење? Или дванаесетте младинци, кои ги стрелавте во Ваташа? Или жртвите на масакрите во Дабница, Богомила, Долно Јаболчиште, Пуста Кула? Или Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Цветан Димов, кои „случајно паднале низ прозор“? Васил Антевски – Дрен, демек, добил фер судење, само пред тоа малце му ваделе нокти со ужарена кљешта. Сепак, јас се обидувам да ја разберам бугарската логика: во 1941 год., Македонските Бугари едвај се ослободиле и таа придобивка морала да се брани, ама да фрлаш луѓе низ прозор, да стрелаш деца и да праќаш Евреи у гасни комори, да није мало много? Па официјална Софија самата ги алиенирала Македонските Бугари од себе! Еве читам во ваши, бугарски извори, дека дури и Димитар Ѓузелов, Јордан Чкатров, Борис Светиев и други про-бугарски интелектуалци од Македонија, сепак ја критикувале официјална Софија. Тие ѝ замерале за самоволието на нејзините чиновници, за полициската бруталност, за надмениот и нетактичен однос кон Македонските Бугари, кај кои се сузбивале било какви регионалистички или автономистички пројави. На Македонските Бугари ретко им биле давани значајни функции, тие не биле консултирани кога се воведувале нови закони, а и стопанството во Македонија под бугарско било тапа (бугарска раота). Па дури и Ѓузелов, Чкатров и компанија ја предупредувале официјална Софија дека со своите идиотски политики ги турка Македонците в партизани! Сеа ги глеам Бугарите релативизираат, у стилу, ама тие деца во Ваташа уствари „не биле баш деца“ (демек, онда е ОК да ги масакрираш), и, демек, тие „пробале да бегаат“ и „сами си го барале“, а тој што наредил да се отвори оган врз нив, полковникот на бугарската пешадија Љубен Апостолов (1895-1945), бил родум од Крива Паланка, па ние, Македонците, „самите сме си криви“. И никако да одговорат на прашањето, зошто Бугарија морала да ангажира армија ако отпорот во Македонија бил безначаен, како што тврдат бугарските историчари?

023_karmadonska_tikvizacija_bugarija_vbb

Запознаен сум дека Евреите во Бугарија биле спасени, што е секако за почит и во што битна улога одиграл политичарот Димитар Пешев (1894-1973), но иронично, истиот тој Пешев гласал за антисемитскиот Закон за заштита на државата, донесен во Бугарија во 1940 год. И иако Бугарските Евреи навистина биле поштедени од гасните комори, тие сепак биле дискриминирани: тие морале да носат жолти Давидови ѕвезди, тие не смееле да вршат високи функции, ниту да стапуваат во брак со Бугари и слободно да се образуваат, ним им се конфискувал имот и тие биле испраќани на принудна (фактички, ропска) работа. Иако имам некои замерки за „Трето полувреме“, генерално, тоа е тоа. Сами сте заебале работа.

Свесен сум дека во приказната за Народно-Ослободителната Борба на Македонија има куп лаги и манипулации, но дури и триесетина години по распадот на СФРЈ, повеќето Македонци не ги доживуваат тие партизани-комунисти како некакви туѓинци или неканети гости – како што тоа е претставено во бугарската историографија. Ако ѝ верувате нејзе, излегува дека во Македонија тогаш се случил alien invasion. Мирче Ацев, например, бил внук на комитата Мирче Ацев – Оровчанец (1859-1901), па иако ова само по себе не е крунски доказ дека меѓу комитите и партизаните „имало континуитет“ (како што нас нè учеа), тие партизани сепак биле наши луѓе. Дали тие биле обични бандити, дали биле заблудени или биле наивни утописти, тоа е друг проблем, но наши дефинитивно биле. Меѓу нив сепак имало такви на кои она македонското им било побитно од она југословенското или комунистичкото, па токму затоа Титовите емисари Светозар Вукмановиќ – Темпо и Добривоје Радосављевиќ на подмолен начин ги отстранувале. На таа македонска основа, кај нас сè уште се почитуваат и борците од Граѓанската војна во Грција. Не велам дека ова е „светиња“, која не смее да се чепка и да се истражува, но Бугарите мора да сфатат дека сепак за нашите луѓе ова има некакво значење.

И многу се смешни бугарските двојни стандарди, кајшто, од една страна, комунизмот се осудува (и треба да се осудува), но од друга страна, оние комунисти, кои помалку или повеќе биле блиски до Бугарија, се претставени во позитивно светло. Значи, комунизмот е една одвратна тоталитарна идеологија, ама Методи Шаторов – Шарло и Венко Марковски се „ваши“, па они можат и „да пројдат“? Јел’ тако другови и другарице – коњи и магарице? Сличен наратив Бугарите имаат и за Павел Шатев („жртва на комунизмот“, „маченик за бугарштината“), иако тој фатил фотелја во тој македонистички естаблишмент, ни помалку ни повеќе, како министер за правосудство! Да не грешам душа, ама нели во времето на неговото министерување биле затворени или стрелани истите оние Ѓузелов, Чкатров и компанија? И плус Ченто и куп други? Па нели Шатев бил активист на ВМРО (Обединета) и како таков ги спроведувал агендите на Коминтерната, вклучително и оние македонистичките? Да не бидам сфатен погрешно, јас не го омаловажувам неговиот придонес како гемиџија и револуцинер, но нештата не се секогаш така црно-бели. Дали тој загинал „за бугарштината“ или во 1948 год., кога избувнал конфликтот меѓу Сталин и Тито, овој вториов се сетил дека Шатев бил некогашен советски разузнавач? А факт е дека бил и за тоа лежел затвор во Бугарија.

Да ѝ се навртиме малку и на десницата. Според вас, Бугарите, Александров и Михајлов и нивните шпицкоманди (одреди на смртта) делеле “free hugs” к’о хипици? Они никого не убиле. Само миљарда луѓе. Како што раскажува францускиот новинар Албер Лондр во својата книга „Комитаџии – Тероризмот на Балканот“ (“Les Comitadjis ou Le terrorisme dans les Balkans”), во меѓувоениот период, чоек не можел нормално да излезе на софиските улици, кајшто биле побијени сите можни политичари, интелектуалци, новинари, правници, you name it. Пострадале дури и Ѓорче Петров и Димо Хаџидимов, па дури и Петре Чауле во Милано и Паница во Виена, па ја мислам и Гоцета ќе го скинеле да бил жив. Но затоа бил жив внук му од сестра, Тодор Чопов, но не за долго, зашто шпицкомандите го убиле при нивното задушување на комуњарското Септемвриско востание во Бугарија (1923), во кое тој зел учество. Шпицкомандите трупале мртви комуњари на сретсело и ги терале селаните да играат оро околу нив и да ги плукаат, а овој horror го инспирирал бугарскиот писател Антон Страшимиров да го напише своето дело „Хоро“. Но рака на срце, ни комуњарите не биле поарни. Тие поставиле бомба во софиската црква Св. Недела (1925), кајшто масакрирале 213 души, а 500 раниле, што е најголем терористички акт во историјата на Бугарија!

Па вие Бугарите имате побијено повеќе Бугари отколку ние! Да потсетам тука и на т.н. народни съдове по комуњарскиот преврат во Бугарија на 09.09.1944 год., од кои пострадале: принцот-регент Кирил, премиерите Богдан Филов, Добри Божилов, Иван Багрјанов и Константин Муравиев, собранискиот претседател Христо Калфов, министрите Петар Габровски, Руси Русев, Иван Горанов, Васил Митаков, Борис Јоцов, Никола Захариев, Александар Станишев, публицистите Јордан Бадев, Данаил Крапчев и Кирил Крстев, неврокопскиот митрополит Борис, католичкиот свештеник Флавијан Манкин, пионерот на бугарската авијација Владимир Балан, вмровците Кирил Дрангов и Васил Шалдев, архитектот Јордан Севов и миљон други. Па вие сте го побиле кремот на бугарското општество! Дури и карикатуристот Рајко Алексиев! Карикатурист, јеботе! Всушност, некои од егзекутираните воопшто не биле судени, па тука се случил еден преседан во историјата на правосудството – биле судени мртовци, за да се оправдаат веќе извршените казни. На крај, на бесилка завршил дури и секретарот на ЦК на бугарските комунисти, Трајчо Костов, кој претходно самиот бесел. У Бугарија не останал ќорав Бугарин! Сите сте ги убиле! Па дури и оние, кои побегнале во странство, како дисидентот Георги Марков, кој добил азил во Лондон, кајшто агент на Държавна Сигурност го убил со оружје маскирано во чадор!

Е па, кој останал жив?! Ами комунисти и кодоши на Държавна Сигурност к’о претседателот на Бугарија, Георги Прванов (кодно име: Гоце), екс-премиерот Жан Виденов (Дунав), Божидар Димитров (Богдан, Кардам, Тервел и Телериг), Красимир Каракачанов (Иван), па дури и татко му, Дончо Каракачанов (Иванов), што му доаѓа као семејна традиција. Постојат основани сомненија дека бугарската тајна служба, заедно со своите сојузници од советската КГБ, била вмешана во неуспешниот атентат врз Папата Јован Павле Втори, извршен во Рим на 13.05.1981 год. Причините за атентатот немале никаква врска со религијата (Бугарите немаат проблем со католицизмот), туку биле чисто идеолошки. Тогашниот Папа бил антикомунист, а неговата посета на родната Полска во 1979 год. ги охрабрила протестите против тамошниот режим, што претставувало закана и за сиот Источен Блок. Како извршител на атентатот бил ангажиран „матниот“ Турчин Мехмет Али Агџа, кој, баш во тоа време, неколкупати ја посетувал Бугарија. Во 1970-тите, Божидар Димитров работел како научен истражувач (читај: шпиун) во архивите на Ватикан, па тука нештата се поврзуваат. Истотака, таквите „научни истражувачи“ ги спроведувале наредбите на Държавна Сигурност да крадат архивски документи поврзани со историјата на Бугарија, како например скапоцени средновековни ракописи и сл., што е подеднакво интересна тема и што започнало во времето на Људмила Живкова. Една од најпознатите кражби, извршена од бугарски агенти, била онаа на ракописот „Историја славјанобугарска“, напишан од отец Паисиј Хилендарски во XVIII век. Ракописов бил мазнат од Зографскиот манастир на грчката Света Гора во 1984 год., кајшто бил покајнички вратен од страна на Бугарија дури 14 години подоцна. Ете тоа се отприлика тие академици, политичари и други авторитети во Бугарија. Кој од кој!

010_karmadonska_tikvizacija_bugarija_vbb

010_karmadonska_tikvizacija_bugarija_vbb

Бугарите тврдат и дека во Македонија намерно биле менувани презимињата со додавање на суфиксот „-ски“, со цел, тие да се оддалечат од оние бугарските, кои најчесто завршуваат на „-ов“ и „-ев“. Во ова сигурно има вистина, но збунува тоа што куп наши јавни личности се презиваат на „-ов“ и „-ев“, меѓу кои се дури двајца претседатели: Киро Глигоров и Ѓорѓе Иванов, а тука се и нивните колеги – високи политичари: Стојан Андов, Петар Гошев, Хари Костов, Љубисав Иванов – Ѕинго, Силвана Бонева и семејствата Димитрови (Димитар, Ратка и Никола) и Мијалкови (Јордан и Сашо), потоа, некогашниот претседател на Генералното Собрание на ООН – Лазар Мојсов, обвинителката Катица Јанева, фудбалерите Дарко Панчев и Горан Пандев, ракометарот Кире Лазаров, актерот Игор Џамбазов, невропсихијатарот Методи Чепреганов, бизнисменот Минчо Јорданов, пејачот Славе Димитров и продуцентот Дарко Димитров, музичарот Дуке Бојаџиев, диџејот Мирко Попов, писателката и професорката Катица Ќулафкова, поетот Сашо Гигов – Гиш и др. Директорот на нашиот Институт за Национална Историја, кого Бугарите особено го мразат, е Тодор Чепреганов. Претходник на таа функција му бил Ѓорѓи Абаџиев. Колега – историчар им беше некогашниот директор на Универзитетската библиотека, Иван Катарџиев. Иронично, најбитните луѓе во оваа „бугарофобна“ држава имаат презимиња на „-ов“ и „-ев“! Кога соочив некои Бугари со овие факти, тие се оправдуваа дека, наводно, оние кои биле политички подобни биле изземени од промената на презимињата (напр. Страхил Гигов, Мирче Ацев, Лазар Мојсов), но во списокот видовме и луѓе кои немале многу врска со тогашниот режим (или барем мене така ми се чини?). А што правиме со Пулевски, Сандански и Чуповски? И нив Тито ги прекрстил? А Георги Раковски, Георги Бенковски, Васил Левски? Знам, знам, сега Бугарите ќе укажат дека тоа не им биле оригиналните презимиња, туку псевдоними, но сепак, Тито им ги турил? Врв на иронијата е тоа што Тодор Петров има „бугарско презиме“, но тој е бугарофоб, а Младен Србиновски има „југо-комуњарско“ (ем „Србин“, ем „-ски“), но тој е бугарофил.

И не е вистина дека во Југословенска Македонија сета литература била цензурирана. Помнам дека како дете во 1980-тите, во народните приказни на Цепенков постојано налетував на некакви Бугари и Грци. Се прашував, зошто Цепенков пишува за овие „странци“?! И зошто Бугаринот секогаш испаѓа покурназ од Гркот?! Не памтам сè, но имаше штосеви од типот: шетаат Бугарин и Грк и налетуваат на прасе у кал и го прашуваат: „Дали си Бугарин или Грк?“, а тоа одговара: „Грк-грк-грк“. Во стихозбирката на Константин Миладинов, заеднички издадена од „Мисла“, „Македонска книга“, „Култура“ и „Наша Книга“ во 1986 год., најнормално стои песната „Грк владика на Болгарите“. Во „Одбраните творби“ на Жинзифов од истите издавачи и од истата година, најнормално стои „До б’лгарската мајка“. На вакви нешта налетував и во други изданија, сите од Југословенска Македонија, што значи дека во нив сепак нешто се протнувало. Што е за право, во предговорите на некои изданија од тоа време, рецензентот „ни објаснува“ што бараат тие Бугари тука („тоа била фаза од развојот на македонскиот народ“, „туѓи влијанија“, „националната свест сè уште не била доизградена“, „Егзархијата ги побугарила“). Имам и фототипно издание на Мисирков од 1953 год., од времето на најтврдото удбаштво, но таму си стои реченицата „Ние се велевме Бугари“. Во „Мемоарите“ на Димитар Влахов, постхумно објавени во 1970 год., тој вели: „Кога револуционерната организација беше основана и почна да работи, jа започнува својата работа наjнапред среде оние Македонци кои се викаа Бугари“ и „Под името македонски народ по тоа време македонските деjатели го разбираа целото население на Македониjа, т.е. зборот Македонци имаше поскоро географски карактер“. Бугарите се спомнуваат и во делот за Македонците во книгата „Народи и етничке заједнице света“ (1984) на југословенскиот етнолог Предраг Влаховиќ, додуша, штуро и попатно, но сепак и тоа е нешто. Сигурно има и многу поексплицитни примери, само што не можам сега да ви ги барам сите, поготово што за овој труд јас не добивам ништо. Бујрум, браќа Бугари, самите проверете си југо-македонски изданија во нашите библиотеки и ќе видите дека во некои од нив има поише Бугари него у Лондон!

Од народната приказна „Силјан Штркот“, собрана од Цепенков.

Од народната приказна „Силјан Штркот“ од колекцијата на Цепенков (издание од 1980-тите, од југословенско време).

Од народната приказна „Силјан Штркот“, собрана од Цепенков.

Од народната приказна „Силјан Штркот“ од колекцијата на Цепенков (издание од 1980-тите, од југословенско време).

Од преданието за родниот град на Цепенков, Прилеп.

Од преданието за родниот град на Цепенков, Прилеп (издание од 1980-тите, од југословенско време).

Св. Андонија од Бер, Егејска Македонија, бил Бугарин исто како и Св. Наум Охридски.

Св. Андон од Бер, Егејска Македонија, „бил Бугарин исто како и Св. Наум Охридски“ (издание од 1980-тите, од југословенско време).

Бугари во Дебарско, миљон километри од Бугарија.

Бугари во Дебарско, миљон километри од Бугарија (издание од 1980-тите, од југословенско време).

Бугарите во Сер (Серес), Егејска Македонија.

Бугарите во Сер (Серес), Егејска Македонија (издание од 1980-тите, од југословенско време).

Бугари, Бугари...

Бугари, Бугари… (издание од 1980-тите, од југословенско време).

И понатаму, Бугари, Бугари...

И понатаму, Бугари, Бугари… (издание од 1980-тите, од југословенско време).

Изданија од разни периоди, но главно од 1990-тите и 2000-тите. Бугари у нив врие.

Македонски изданија од разни периоди, но главно од 1990-тите и 2000-тите. Бугари у нив врие.

Во 1990-тите, веќе во самостојна Македонија, тогаш под премиерот – бугарофоб Бранко Црвенковски, од печат излегоа спомените на повеќе илинденци и секој втор збор таму е „Бугарин“. Каква иронија! Во автобиографијата на Прличев, барем во изданието кое јас го поседувам, на прашањето на Грците што е тој по народност, тој гордо, среде Атина, вели: „Бугарин!“. Ако не ме лаже помнењето, ова дури беше средношколска лектира. Значи, сепак можело, барем донекаде, да се спомне нешто бугарско. И уште, ова не биле маргинални појави (фанзин умножуван на фотокопир), туку книги од релевантни издавачи!

Како кулминација, во 2000 год., веќе во времето на Љубчо Георгиевски, излезе фототипното издание на зборникот на Миладиновци – „Бѫлгарски народни пѣсни“. Поексплицитно од ова, амин! Со овој зборник се врзува и една анегдота – кога во 1998 год., Архивот на Македонија направи свој веб-сајт, таму имаше слика од зборников, но зборот „Бугарски“ на истата беше отсечен, па бугарските блогери со кои се расправавме во 2000-тите се фатија за овој детал, во стилот, ете, цензура, незнаејќи дека, во меѓувреме, зборникот веќе официјално излегол во Македонија, со својот оригинален наслов и содржина! За нештата да бидат уште потрагикомични, овој мит за „цензурирањето на зборникот“ сè уште опстојува во бугарската јавност. Значи, воопшто не спорам дека кај нас имало бугарофобија, цензура и сето тоа, но не е сè така црно-бело. Нешто сепак излегло, а дали Бугарите биле во тек со тоа, е сосема друг проблем! Евидентно, тие немаат поим што сè излегува во Македонија! Значи, да заклучиме еднаш засекогаш: објективна литература во Македонија имало и има. Е па, што е проблемот? Сега ќе ти кажам што е проблемот ако сакаш да знаеш што е проблемот. Проблемот е во тоа што Македонците не читаат. И ти сеа сакаш тоа да го решиш преку ноќ (алудирам на оние комисии за учебниците). Остај ги луѓето „да зреат“ – како што еднаш се изрази Бојко Борисов, остај ги да си дојдат до вистината спонтано, и тоа, преку сопствени, македонски извори. Во спротивно, само ќе создадеш контра-ефект и отпор, а и децата ќе ги збрлаиш: едни ги учеа дека се Македонски (Југо)Словени, други дека се антички, а сега треба да учат дека се Бугари, па ова е ненормално! И на крајот на краиштата, милиони луѓе низ светот немаат поим за своите корени и својата историја, па никому ништо!

ИДЕНТИТЕТСКИ ЗБРКИ

Колку Грци се свесни дека воопшто не се внуци на Перикле, Сократ и Платон како што ги л’жат на школо? Зошто вие, Бугарите, не барате од Грција да ги деконструира своите национални митови, туку тоа мора да го прави само Македонија? Ш’о сме ние, вечни исполнувачи на желби? Во епизодата од овој серијал посветена на Грција веќе образложив (и тоа детално, со имиња и презимиња) дека нејзините најбитни личности всушност биле: Арванити (погрчени православни Албанци), Караманлиди (некакви покрстени Турци-Селџуци или потурчени Грци, бог те пита што се), асимилирани Власи, Словени, Грузинци, Ерменци, Арапи-православци и можеби понекој Грк колку да не е без ич. Ако вие и натаму ги сметате современите Грци за правнуци на оние Старите – вие сте за на психијатар. Во Османлиската Империја, „Грк“ воопшто не била етничка дезигнација, туку ги опфаќала сите верници на доминантно грчката Вселенска Патријаршија, па тоа бил еден невиден миш-маш од народи! За сè да биде уште поапсурдно, почнувајќи од Источното Римско Царство (Византија), па некаде до формирањето на современа Грција, нејзините жители се нарекувале себеси Ромеи (Римјани), па оттаму, Османлиите нив ги нарекувале урум милет, а освоените поседи на Балканот – Румелија. Па што се сега Грците – Римјани, Италијанци?! Логично, тука се наметнува и прашањето дали можеби и „Бугарин“ бил некаков umbrella term? Не тврдам ништо, само прашувам! Патем, Бугарија треба да го смени своето име, затоа што онаа вистинската била Волжска Бугарија, на чии простори подоцна настанал Татарстан. Но Татарите не биле оригинално од Татарстан, туку дошле од Монголија и ѝ го наметнале своето име на Волжска Бугарија. Но Татарите не се исто што и Монголците, иако имале соработка со нив, а под поимот Монголо-Татари се подразбирала една измешана маса од монголско и туркијско потекло, попатно собирана при освојувањата на Џингис Кан или неговите наследници. Тука не се знаело кој кого трти.

„Турчин“ некогаш означувало припадник на доминантниот милет (народ) во Османлиската Империја, кој се идентификувал според својата исламска вероисповест. Под тој umbrella term влегувало сè и сешто: Турци, Албанци, Курди, Арапи, Кримски Татари, Черкези, како и исламизирани (потурчени) Грци, Ерменци, Грузинци, Словени (Бошњаци, Торбеши, Помаци) и др. Знаете ли дека некои од најславните султани, везири, бегови и паши воопшто не биле Турци, а истово важи и за огромен процент од населението на современа Турција? Знаете ли дека масакрот во Батак, кој бил одмазда за бугарското Априлско Востание не го извршиле Турци, ами потурчени Бугари? Среде „Турците“ имало дури и потурчени Евреи (т.н. Ѓунмиња). Но што е уствари Евреин? Дали е тоа етничка група или само верска? Одговор нема, а еврејска држава (Израел) има. Со конверзија во јудаизам, дури и Марсовец може да стане „Евреин“ и „наследник на Мојсије“, па дури и да ќари израелско државјанство и имот од некој набркан Палестински Арап (не велам дека тоа е така просто, но со нешто труд тоа е изводливо). Погледнете го населението на Израел: Ашкенази од Централна и Источна Европа, кои говорат јидиш; Сефарди од Шпанија и Португалија, кои говорат ладино; Мизрахи од Северна Африка и другите блискоисточни земји, кои говорат арапски; па дури и Етиопски Евреи, фактички, црнци! Израел ги прибира кај себе дури и Индиските и Кинеските Евреи, кои личат на Индијци, односно Кинези! Тоа е едно море од најразлични етникуми, јазици и раси, но сите тие да ти биле „Евреи“, што и тоа да значи. И поимот „Арапи“ е мошне растеглив, па така, например, некогашниот либиски лидер Гадафи бил роден во арабизирано берберско семејство (а Берберите не се исто што и Арапите). Некои сметаат дека населението на Либан не е арапско, туку феникијско, исто како што некои сметаат дека современите Египтјани не се Арапи, туку арабизирани правнуци на фараоните. Кога сме веќе кај Египет, некои ги нарекуваат Ромите со егзонимот Еѓупци или Ѓупци (Gypsies), иако тие всушност потекнуваат од Индија. Ова има создадено таква забуна, што некои Роми веќе самите се сметаат себеси за Египтјани. Кога Колумбо „стигнал до Индија“, луѓето кои таму ги затекнал ги нарекол Индијанци, иако тоа всушност била Америка, но таа била така наречена дури отпосле, според Америго Веспучи.

Како што пишував во својата книга „Послушајте путриоти“, најбитните Руси воопшто не биле Руси! Тука имало асимилирани Монголо-Татари, припадници на разни угро-фински или кавкаски етнички групи, а во царските времиња, и аристократи од германско, француско, италијанско или британско потекло – тоа е еден невиден melting pot! Па прадедото на најславниот руски поет, Пушкин, бил црнец од Африка, јеботе! Дури ни етнонимот „Руси“ не е оригинален, туку така Финците ги нарекувале шведските викинзи, па кога тие, на чело со Рурик, завладејале со просторите на она што денес е Русија, тој етноним се пренел на нејзиното словенско население. Со тек на времето се создала државата Киевска Рус, но нејзините најблиски наследници не се современите Руси, туку, логично, жителите на Киев – Украинците, а и ним блиските Русини. Дали сте свесни дека несудениот освојувач на Русија, Наполеон Бонапарта, воопшто не бил Французин? Тој бил Италијанец, родум од ос. Корзика, па дури и неговото име мене ми зазвучува како Наполи, Неапол или сл. Сепак, тој ја ширел Француската Империја, а не италијанската или некаква „корзиканска империја“. Тој бил француски војсководец, а неговото етничко потекло е ирелевантно и е само една попатна занимливост.

Познатиот германски композитор Бетовен воопшто не бил Германец, туку Фламанец, а тука се отвора и прашањето дали Фламанците се исто што и Холанѓаните? Шандор Петефи, наводно, не бил етнички Унгарец, туку Србин или Словак, со вистинско име Александар Петровиќ, што не изненадува ако се знае дека во Хабзбуршката Империја имало сè и сешто. Сепак, Петефи е унгарски поет и унгарски национален херој. Композиторот на хрватската химна, Јосип Руњанин, иронично, бил Србин, а еден од најголемите српски националисти, Драгутин Димитријевиќ – Апис, наводно, бил Влав. Мајката на Скендербег се викала Војислава и била ќерка на српскиот кесар Гргур Голубиќ, а браќата и сестрите на овој „албански национален херој“ носеле имиња како Станиша, Костадин, Јелена, Влајка и Мамица. Стопроцентни Албанци, pasha zotin!

Во долгометражниот цртан филм на Дизни, “Sword in the Stone”, се пее: “A legend is sung of when England was young”, но главниот лик, кралот Артур, не само што не бил Англичанец, туку тој се борел против англо-саксонската инвазија! Тој бил домороден Брит (Келт), а кога веќе ги спомнав Келтите, повеќето нивни наследници (Велшаните, Шкотланѓаните и Ирците) веќе не го владејат својот мајчин јазик, туку говорат на англиски. Најбитните Англичани воопшто не се Англичани! Така, например, повеќето членови на славните Битлси се од ирско и/или шкотско потекло (McCartney, ти текнуе?). Ирци се и Бој Џорџ, Мориси и Џони Ротен, а делумно и Дејвид Боуви покоен. Кажете ми што означува поимот Шпанци? Кастилијанци, Каталонци, Галицијци, Баски, што? А што означува поимот Кинези? Ханци, Џуанци, Манџурци, Хуи, Ујгури, Тибетанци?! А што е разликата помеѓу жителите на Индија и Пакистан, освен религијата?

Е па, кога другите ќе си ги расчистат овие идентитетски збрки, дури тогаш, ние, Македонците, ќе го сториме истото. А дотогаш, оставете нè намира, имаме доволно проблеми.

БУГАРСКА ДЕМОГРАФИЈА И ДЕМОКРАТИЈА

А зошто вие Бугарите не почнете од себеси да ги расчистувате тие идентитетски збрки? Почнете, например, од Красимир Каракачанов. Иако не можам ништо да тврдам со сигурност, неговото презиме ме упатува на Каракачаните, кои се познати по своето номадско сточарство, а кои, според повеќето извори, се грчки субетнос – Саракацани (Σαρακατσάνοι). Неко међу нама није наш? Заради начинот на живот, нив честопати ги мешаат со Власите, но Саракацаните, наводно, говорат исклучиво грчки, а не влашки, односно, аромански. Дали се тоа малку почудни Грци или погрчени Власи, или, пак, некој друг погрчен палеобалкански народ, не е јасно, но Бугари најверојатно не се. Башка, Каракачанов е родум од Русе, што е 563 милијарди километри од Македонија, џенем кај романската граница, па прашање е дали тој има некакво потекло од нашите простори, а тој е сепак претседател на бугарската ВМРО (Внатрешна Македонска, ти текнуе?). Според последниот попис, во Бугарија има 2556 Каракачани, но некои бараат тие да бидат вброени во грчкото малцинство, а не одделно.

На просторите на денешна Бугарија, Грци имало уште од античките и византиските времиња, кога Бугарија уште не била ни у план, особено на црноморскиот брег, кајшто се наоѓаат: Ајтос, Ахтопол, Созопол, Бургас (грчки: Пиргос), Несебар (Месимврија), Поморие (Анхијало), Царево (Василико) и Варна (Одесос), а битен грчки центар бил и Пловдив (Филипополис). Кога на почетокот на XX век, грчкото малцинство во Бугарија почнало морално и материјално да ја помага великогрчката кауза во соседна Егејска Македонија, тоа станало мета на бугарски погроми и започнало да се иселува. Фактички, добар дел од Источна и Јужна Бугарија бил грчки. Според пописот од 2001 год., во Бугарија имало 3408 Грци, а оној од 2011 год., забележал 1379. Што се однесува до Власите, во 2001 год. нив ги имало 10566, а во 2011 год., само 3684. Интересни пописи имаат Бугариве, за само 10 години им исчезнале повеќе од половина Грци и Власи! Некои луѓе лутаат помеѓу влашкиот и романскиот идентитет, а бројот на оние, кои се изјасниле за Романци, во 2001 год., изнесувал 1088, а во 2011 год., 891 (пак намалување). Романците особено биле застапени во Добруџа, која била предмет на конфликти меѓу Бугарија и нејзиниот северен сосед, за во 1940 год., таа област да влезе во нејзин состав. Во Бугарија има и Ерменци – во 2001 год., нив ги имало 10832, а во 2011 год., 6652 (пак намалување). Интересно, некои бугарски средновековни владетели, всушност, во себеси имале ерменска крв, а така било и со познатата француска пејачка родум од Бугарија, Силви Вартан (всушност, Вартанијан). Иронично, се поставува и прашањето дали династиите на Второто Бугарско Царство (1185-1396) биле навистина бугарски или поверојатно кумански – Асеневци, Тертеровци и Шишмановци. Бугарско – куманската соработка некогаш била мошне плодна, па можно е некои денешни Бугари да се всушност претопени Кумани!

Најистакнато малцинство во Бугарија е она турското. Во 2001 год., во Бугарија имало 746664 Турци, а во 2011 год., 588318 (пак намалување). Да потсетам дека бугарските власти спроведувале асимилација на турското малцинство, па неговата реална бројка е далеку поголема и можно е некои Бугари да се brainwashed Турци! Всушност, согласно некогашниот османлиски милет систем, поимот „Турци“ ги опфаќал сите муслимани, вклучително и исламизираните, односно потурчени Роми и Бугари (Помаци), па дури и Кримските Татари и Черкези, кои во голем број се доселувале во Османлиска Бугарија. Оттаму произлегол називот на градот Татар Пазарџик (сега само Пазарџик), а во Бугарија има и повеќе населени места со име Татарчево, како и едно, кое се вика Татари. И овие заедници, исто како и турската, биле шиканирани и дискриминирани од страна на бугарските власти. Во времето на Балканските Војни (1912-1913), дел од Помаците бил насилно покрстен, така што, тие биле збирани на сретсело и конвертирани од страна на поп, по што, тој ги терал да каснат свински колбас. Слични кампањи се спроведувале и во 1940-тите години од страна на фашистичка Бугарија (иако нејзиниот сојузник Хитлер имал отворени про-исламски симпатии, но на Бугариве нешто им се измешало во глава). Нови бранови на асимилација имало во 1956 год., откако на власт во Бугарија стапил Живков; потоа, во средината на 1960-тите; како и во раните 1970-ти; а кулминација биле настаните во 1980-тите, познати како Възродителен процес. За оваа тема говори бугарско – турската копродукција „Откраднати очи“. Во овие кампањи, на муслиманите им биле менувани имињата и презимињата, но не по логиката Јусуф = Јосиф, Јакуп = Јаков, Ибрахим = Аврам, туку онака, рандом. Колку за пример, сега познатиот бугарски политичар од турско потекло Љутви Местан во младоста бил преименуван во Владимир Зидаров. Кој знае уште колку „Владимировци“ во Бугарија се всушност Љутвиевци, Хасани и Шабани! Од кај знаеш, можда Божидар Димитров бил некој Мухамед? Апсурдно е тоа што некои муслимани биле преименувани неколкупати низ својот живот, зависно од тоа каква позиција кон нив заземале бугарските власти, т.е. имало построги и поумерени периоди. Кулминација на сè било тоа што биле преименувани не само живите муслимани, туку и нивните веќе починати претци! Некои муслимани ѝ пружиле отпор на асимилацијата, па необично за комунистичка Бугарија, во неа се случиле протести, селски буни и кревање на вили и секири, при што дошло до пуцњави и жртви, а многумина завршиле во затвореничкиот логор Белене, сместен на еден остров во Дунав. Во 1980-тите се случиле и терористички напади со подметнати бомби, за кои не е јасно дали биле дело на турски екстремисти или false flag attacks на Държавната Сигурност. Бугарија се обидела да ги изгони Турците, па следела т.н. Голяма екскурзия (1989), во која, околу 360000 Турци и припадници на разни потурчени заедници наврат-нанос грабнале неколку пљачки и побегнале во соседна Турција. Фактички, реалната бројка на Турци во Бугарија била над милион и многу тамошни христијани се всушност brainwashed муслимани. Она, глеаш Бугарин иде у црква, се крсти, јаде чварци, а уствари он порано веруел у Алах (патем, апостазата во исламот се казнува со смрт, што значи дека многу Бугари треба да бидат каменувани).

Некаков расистички транспарент: „Циганите - европска вредност на политичарите“

Некаков расистички транспарент: „Циганите – европска вредност на политичарите“

„Бугарскиот“ турбофолк пејач Милко Калајџиев ич не е Ром. Бар он така тврди...

„Бугарскиот“ турбофолк пејач Милко Калајџиев ич не е Ром. Бар он така тврди…

Бугарија има и многу Роми, таму официјално обележани со политички некоректниот егзоним Цигани – во 2001 год., 370908, а во 2011 год., 325343 (пак намалување). Околу овие пописи се плетат низа контроверзи и се смета дека реалната бројка е далеку поголема, околу што сведочат и некои тајни истражувања на бугарското МВР. Фалсификувањето на бројот на Ромите е стара пракса, па така, например, според пописот од 1975 год., нив ги имало само 18323, што немало никаква врска со реалноста. Мислам, прошетајте низ Бугарија, по улиците само Роми! Некогашната бугарска премиерка Рената Инџова во даден период работела како шеф на Статистичкиот институт и таа се обидела да спроведе објективен попис на Ромите, поради што, таа била отпуштена од работа! Покрај пописните фалсификати, проблем во Бугарија е и тоа што некои Роми се изјаснуваат за Турци (заради својата исламска вероисповест) или Бугари (заради својата православна вероисповест или заради избегнување на стигматизација во општеството). Сосема е можно некои Бугари да се всушност доброволно или недоброволно асимилирани Роми! Така, например, многумина во Бугарија (најверојатно со право) го сметаат бугарскиот турбофолк пејач Милко Калајџиев за Ром, што тој остро го демантира, небаре тоа е навреда („Аз ром?! Абсолютна лъжа, нелепа измислица. Та аз произхождам от буржоазно семейство!“). И неговите синови од многумина биле идентификувани како Роми, на што тој истотака остро реагираше („Децата ми не са цигани!“). Ваков речник кај нас би бил незамислив.

Во Бугарија има и нешто Албанци, но не само муслимани доселени во османлискиот период, туку и христијани, кои таму дошле отпорано. Како припадници на доминантно грчката Вселенска Патријаршија, под турско тие биле броени за „Грци“, но тие говореле на јужноалбанскиот дијалект тоска. Како нивен центар се наведува село Мандрица (Mandricë), Ивајловградско, но во Бугарија постои и с. Арбанаси, Великотрновско, за кое се тврди дека истотака било албанско, за што сведочи неговиот назив, кој е всушност синоним за Албанци. Бугарија, како една прогресивна и толерантна европска држава, би требало сега да го воведе албанскиот јазик како службен.

Во Османлиска Бугарија сигурно имало и Арапи, а нивниот број значително се зголемил во времето на социјализмот, кога таму студирале Сиријци, Ирачани, Либанци, Палестинци, Египќани, Алжирци, Тунисци, Либијци и Суданци. Овие студенти се наоѓаат во Бугарија веќе половина век (изгледа се повтарачи) и нив ги има околу 17000 и тие се веќе интегрален дел од нејзиното општество. Еден од пратениците на најмоќната бугарска партија ГЕРБ е Ирачанецот Семир Абумелих, кој е воедно и еден од најбогатите луѓе во Бугарија. Ирачани се и браќата Ал-Џибури, од коишто едниот бил заменик министер за финансии на Бугарија, а другиот – претседател на Државната агенција за туризам (затоа финансиите и туризмот во Бугарија сега цутат). Идеите за арапскиот социјализам, како оние на Насер во Египет, Асад во Сирија, Садам во Ирак, Гадафи во Либија или Арафат во Палестина, биле поддржувани од страна на Народна Република Бугарија, но тие сега се напуштени и заменети со исламизмот, па Аладин Харфан и Мохамед Џенијат се бугарски бизнисмени од сириско потекло и основачи на невладината организација „Сојуз на муслиманите во Бугарија“, која работи на враќање на родопските Помаци ка вјери прађедовској. Централната софиска ул. Цар Симеон сега неформално се нарекува „Aрапска“, сигурно не затоа што е населена со Швеѓани, и таа е позната по арапските ресторани, продавници, џамии и шеријатски патроли. Блискоисточниот радикализам сега се пренесува и во Бугарија, па на 18.07.2012 год., на аеродромот во Бургас, со бомба беше нападнат автобус со израелски туристи, при што, 7 души загинаа, а 35 беа повредени. Што се однесува до Евреите, нив во Бугарија официјално ги има околу илјада, а значајна личност од нивните редови е политичарот Соломон Паси, кој во даден период бил министер за надворешни.

Во Бугарија има и околу 10 илјади Кинези и уште толку Руси, 1800 Украинци и околу 1000 Гагаузи, како и доста граѓани кои се изјаснуваат како етнички Македонци. Тоа е отприлика демографијата на Бугарија. Све Арапи, црнци и Кинези. И понекој Бугарин, колку да не е без ич.

Поемата „Јас сум Бугарче“ на Иван Вазов.

ГОЦЕВАТА РАСА

Нашите националисти често говорат за „расните разлики“ меѓу нас, Македонците и вас, Бугарите. Притоа, се пренагласува фактот дека современите Бугари имаат делумно туркијско (болгаристанско) потекло и дека се наследници на Аспарух, Кубрат, Крум, Омуртаг, Току и сличните ханови. Тоа истотака било пренагласувано од страна на великосрпската пропаганда на преминот меѓу XIX и XX век, со цел, Македонците, претставени како „чисти Словени блиски со Србите“, да се убедат дека се различни од Бугарите („Бугари су Татари“). Значи, свесен сум дека тука имало разни манипулации, но има една работа, додуша, не научно заснована: кога одиме во Бугарија или кога ве гледаме на ТВ, вие, Бугарите, сте ни некако чудни. Добро, еве нека сме браќа, ама во некои црти сте сепак поинакви. Ајде за јазикот, азбуката и националното самосознание се разбравме од каде произлегле разликите, ама за ова останатово? Дали е до воздухот, дали е до водата, дали е нешто сугестивно, психолошки, не знам. Не, јас не велам дека вие, Бугарите, сте Марсовци и дека ние немаме никаква генетска врска, ниту, пак, сум од оние, кои сега ќе бројат „античко македонски крвни зрнца“, ама факт е дека сте малку чудни. Како пример следат одредени слики, дел од кои ви се веќе познати, па ајде да ги погледнеме без предрасуди.

Прото-бугар

Прото-Бугарин.

Росен Петров

Росен Петров, познат бугарски ТВ продуцент и политичар.

Поштенска марка хан

Бугарска поштенска марка со ликот на ханот Аспарух.

Стефан Стамболов

Бугарскиот премиер Стефан Стамболов.

Споменикот на Стамболов

Споменикот на Стефан Стамболов во Софија.

Саксобурготски

Престолонаследникот и премиерот Симеон Саксобурготски

Тодор Живков, генсекот на Бугарската Комунистичка Партија (1954-1989)

Тодор Живков, генсекот на Бугарската Комунистичка Партија (1954-1989)

претседател

Некогашниот бугарски претседател Петар Стојанов.

Бугарскиот премиер Иван Костов.

Богдан Филов

Премиерот во времето на Втората Светска Војна, Богдан Филов.

Маја Илиева

Маја Илиева, позната како вдовица на бугарскиот мафијашки бос Георги Илиев.

Мафијашките „горили“ на Илиеви

Мафијашките „горили“ на Илиеви. Кликнете за зголемен преглед и обратете внимание на физиономијата на момакот во средина. Тоа е тоа.

Св. Климент кај болгарскиот боритаркан. Во овој македонски филм, Болгарите се претставени како раскалашени, но пријателски настроени, а нагласена е и нивната расна различност од Словените.

Сега, без никаква омраза, расизам или шовинизам, некои од луѓето на сликите објективно имаа повеќе или помалку “дръпнати очи”, тураноидни или други неевропски црти, а така беа претставени и древните Бугари на поштенската марка издадена во самата Бугарија, како и во филмскиот инсерт кого штотуку го видовме. Дури и споменикот на Стамболов среде Софија изгледаше така! Повеќе од јасно е дека прото-Бугарите сепак се разликувале од европеидите, колку и Божидар Димитров и Рашо Рашев да се обидуваа да нè убедат во спротивното. Тука да биде јасно: не дека ние, Македонците, сме расисти, туку, за жал, изгледа дека вие, Бугарите, сте комплексари. Па и во Македонија има луѓе со најразлични физиономии, што е сосема нормално, па така, например, бугарските блогери со право ни посочуваа на шармантно закосените очи на нашиот најпознат пејач Тоше Проески. Но кај вас, Бугарите, тоа е некако многу позастапено и поизразено или можеби тоа нам така ни се чини? Иако се сомневам дека Александар Донски е авторитет во сферата на антропологијата, по сево ова, чоек може да си помисли дека во неговите тврдења можеби има нешто…

ЗА КРАЈ

Но добро, браќа Бугари, да пресечеме. Еве јас ќе попуштам (затоа што попаметниот секогаш попушта) и ќе признаам дека ние сме brainwashed Бугари. Но вие, од своја страна, ќе направите една скромна и незначителна отстапка – ќе ни ја дадете Пиринска Македонија. И онака тоа е мала и не баш пребогата област, а за еден гигант каков што е Бугарија, тоа нема да биде голема загуба и никој нема ни да примети. Што се шес’ и пол иљади квадрати? Зар 5,8% од севкупната бугарска територија е нешо за паѓање у несвест? Што ќе ви се Кукурахцево, Јакоруда, Грмен, Сатовча, Тонско дабе, Слаштен, Првомај? Вие никогаш нема да одите у тие вукојебини. Вие најверојатно на нив гледате како на некакви сељаци, ако уопште ги гледате, особено ако сте Софијанци. Вие сеа првпат слушнавте за нив, нели? Да го цитирам создавачот на ТМОРО, Хаџи Николов: „Така ослободена Македонија ќе претставува една втора Бугарија, иако неприклучена кон мајката татковина. Од автономијата Бугарија и бугарскиот народ само добиваат“.