
VBB.mk бил честа мета на плагијатори, при што оваа фотографија беше доста крадена, што доведе до далекусежни последици.
Како што знаете, VBB.mk е познат како сајт со силен авторски печат, кој во изминативе деценија-и-пол објавува патеписи од светот, репортажи од битни музички, политички и други настани, научно-истражувачки стории, електронски книги, раритетни фото-галерии и слични содржини, кои нема да ги видите ниту на едно друго место кај нас, па и пошироко. Како таков, VBB.mk е честа мета на плагијатори, кои немаат сработено ништо авторско во животот и кои како пијавици или слични црволики суштества паразитираат на туѓиот чесен и крвав труд. Иронично, истите тие плагијатори, паразити, крвопијци, зликовци и нелуѓе добиваат спонзорства и продаваат реклами, тие смеат да учествуваат во популарните агрегатори, како што се, на пример, Time.mk и Daily.mk, кои со ова самите си го урнисуваат својот углед, а VBB.mk е дискриминиран и маргинализиран до крајни граници, тој не е добредојден никаде и едвај опстојува. One-man show – без екипа, без техничка поддршка, без спонзори, без канцеларии, без политички партии или фондации зад себе, без ништо. И пак е поквалитетен од било кој од тие паразити, ако не во смисла на читаност, ако не во техничка или финансиска смисла, тогаш сигурно во естетска и содржинска.
При тоа крадење на мои авторски содржини доаѓа и до крајно апсурдни ситуации, каква што е следнава. Пред три години, плагијаторскиот и паразитски портал netpress.com.mk украл една моја фотографија, и ај што ја украле, не е тоа најбитното, туку со својата аљкавост, потполна неспособност и неетичност, тие без мое знаење довеле до невидени и далекусежни збрки и штети по мојот углед. Ова бара подетално објаснување, кое отприлика оди вака:
Во фото-фајлот кој netpress ми го украдоа, јас претходно имав вметнато metadata текст со следнава содржина: “© Vangel Bashevski – Barmi vbb.mk”. Тој metadata текст автоматски се вметнал себеси на страницата на netpress.com.mk, а тие не умееле да го отстранат, затоа што се крајно неспособни и мрзеливи дилетанти и не умеат да работат. Еден ден, тие ја отстраниле украдената фотографија, арно ама, тој metadata текст им останал! И така, три години моето име стои на нивниот сајт, небаре јас работам за нив и небаре јас сум учествувал во креирањето на новинската статија во која била употребена таа украдена слика. До ова сознание јас дојдов со google пребарување на моето сопствено име и презиме. Степенот на аљкавост, непрофесионалност и неетичност на таа несреќа од сајт е вџашувачки. Фактички, моето име тие го свеле на крпа за бришење под. Три години читателите ја посетуваат таа статија и го гледаат моето име во неа, со што биле доведувани во заблуда дека јас имам нешто со тој аљкав сајт.
Јас долго не знаев што да правам, затоа што имав некои други и поважни проблеми (баш во тој период јас минував низ големи премрежија). Имајте и в предвид дека VBB.mk нема правни застапници, ниту средства за нивно ангажирање, фактички ништо. Со големо задоцнување, јас дознав дека постои можност да се обратам во Советот за етика во медиумите (СЕММ), а за овие неетички дејствија јас ги известив и спонзорите на netpress.com.mk. Неприфатливо е еден угледен спонзор да дава пари на плагијаторски, паразитски, крвопијски и/или дилетантски сајтови. Со тоа се урива угледот на спонзорот и се набркуваат неговите клиенти. Кој би сакал да купува производи или услуги од претпријатие кое спонзорира паразити, плагијатори, дилетанти и зликовци? Никој нормален! И уште, замислете си, на пример, дека спонзорот е банка, па кој нормален би ѝ ги доверил своите пари?
Одговор на моите мејлови упатени до СЕММ и до разните спонзори засега нема (можеби е рано, а можеби ме игнорираат, да не избрзуваме со заклучоци), но забележав дека моето име одеднаш волшебно исчезна од проблематичната статија на netpress. Дали некој конечно ургирал тие да го сторат тоа или можеби некој „крт“ ги предупредил netpress да си го спасуваат „штрумфот“? Но приказната не завршува тука. Чекај, има уште! Дури денес јас дознав дека постои уште една проблематична статија, во која netpress ја направиле истата збрка! Значи, залудно е тоа што тие го отстраниле моето име од една проблематична статија, кога постои и друга, која тие воопшто не ја гледаат! Тие, всушност, и не знаат што сè имаат објавувано! Тоа ви кажува со колку „љубов“ и „ентузијазам“ тие го градат тој свој сајт, т.е. ним им се плука на тоа што самите го работат, а единствениот мотив, јасно, е само профитот и ништо друго.
За да ме разберете за што говорам, ви ги приложувам следниве докази:
- Кликнете ТУКА за проблематичната статија на netpress, објавена на 9.9.2017 г., во која сè уште фигурира моето име од украдената слика. Дали во меѓувреме тие ќе го избришат тоа, јас не можам да знам, но засега (13.11.2020 г., 15:14 ч.), моето име сè уште стои таму.
- Кликнете ТУКА за архивски зачувана копија од таа страница, во случај netpress да го избришат доказниот материјал, со цел да ги затскријат своите злосторнички и криминални дејствија.
- Кликнете ТУКА за проблематичната статија на netpress, објавена на 11.9.2017 г., во која доскоро фигурираше моето име од украдената фотографија, а кое беше отстрането со цел да се затскријат криминалните, злосторнички, паразитски и дилетантски дејствија на netpress.
- Кликнете ТУКА за архивски зачувана копија од таа страница, во случај netpress да го избришат доказниот материјал, со цел да ги затскријат своите злосторнички, криминални, паразитски и нечовечни дејствија.
- Ако од одредена причина линковите не ви се отвораат, не грижете се, затоа што ви обезбедив и вкусни print screen-ови.Кликнете ги за зголемен преглед.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО: Состојба во проблематичната статија на netpress.com.mk на 13.11.2020 г. (оригинално објавена на 9.9.2017 г.).

Состојба од 12.11.2020 г. на проблематична статија објавена на 11.9.2017 г. Моето име потоа беше отстрането од оваа страница, но доказите, за среќа, се зачувани.
Откако дознав за случајот со netpress, кај мене се јавија основани сомненија дека таа моја фотографија била украдена (но и модифицирана) од страна на kurir.mk, во што можете да се уверите со клик тука (ако избришат, проверете во веб архивите). Некој ќе рече дека сум станал препараноичен, но веднаш ќе ве демантирам: таа фотографија ја немаше никаде, само кај мене. Се работи за одамна непостоечка продавница на струмичката конфекциска фабрика „Герас Цунев“, лоцирана на скопската ул. Македонија, која јас ја фотографирав со фотоапарат со филм уште пред четвртина век, во склоп на фото-изложбата која сакав да ја направам на тема на скопските урбани топоними, улици, продавници, кафулиња и сл. Таа изложба ја реализирав дури во 2013 г. на овој сајт, под наслов „Скопје кое веќе го нема“, а која доби илјадници „лајкови“ и пофалби, и која не еднаш беше мета на паразити и плагијатори. Ним нималку не им е грижа што јас за тие фотографии имам проплукано КРВ. Истите се сликани со филм, па кога негативите ги дигитализирав во едно фото-студио во подрумот на скопскиот Градски трговски центар, дел од нив ми ги загубија и притоа не сносеа никаква одговорност, затоа што тоа се нелуѓе, ѕверови и крвници (бојкотирајте го тоа фото-студио!). Но за среќа, јас претходно имав извадено фотографии од тие негативи, па морав да купувам скенер за да ги дигитализирам, па трошоци, маки и да не ви редам. Нормално, за тој труд јас не добив ни денар. Човек ќе се убие од работа за ништо, а некој црвљив паразит тоа ќе му го украде, и ај што ќе украде, туку уште ќе те понижува, ќе брише под со твоето име. Спрема мене луѓето секогаш биле крајно подли, к’о да не сум човек, само душмани и ништо добро (со ретки пријатни исклучоци).
Откако дознав за случаите со netpress и kurir.mk, кај мене се јави основано сомнение дека таа моја фотографија била украдена и од страна на политичката партија ДПМНЕ, при што била искористена на видео-бим на некаква прес-конференција, за што сведочат следниве видео клипови.
Некој ќе рече, па добро сеа, некој зел слика, биднало, нема да правиме од сè драма, па и конкретнава слика не е некое ремек-дело, да бидеме брутално искрени, но ова навистина отиде предалеку. Како е можно моќни медиуми и моќни политички партии да се спуштаат на ова ниво? Па тие поседуваат ресурси, пари, опрема, луѓе, па самите можат да си создаваат content, а јас немам ништо, па од мене ли најдоа да крадат? И како јас утре да гласам за политичка партија која краде од мене? Ај да се работеше за сиромашен студент од некое село, на пример, од Битола или сл., кој фотокопирал учебник или употребил слики за магистерска, докторска, ај да му простиш, ама политичка партија каква што е ДПМНЕ, која една деценија беше „Бог и батина“ во Македонија, не можела да најде фотографија од конфекција „Герас Цунев“, јеб’о вас он?! Што ми се закачивте мене, несреќи едни?!
Но за да не се сведе ова на некакво препукување на релација ДПМНЕ-СДСМ, што воопшто не ми е целта, морам да додадам дека содржини од мене краделе и медиуми блиски до другава политичка опција. На сајтот на A1 ТВ, до ден денес стои моја фотографија, исто така со вчитан metadata текст со моето име и презиме, од скопското кино „Култура“. Јас повеќепати се обидував да напишам коментар под таа слика, од типот „Зошто крадете?“ и сл., но тој коментар никогаш не се објавува. Сега ќе ме убедувате дека A1 ТВ не можела да земе еден фотоапарат или барем смартфон и самостојно да го слика тоа кино, туку баш мораа од мене да крадат? Ај да се работи за слика од рецимо Кенеди или од војната во Сирија – објективно не можеш сам да ја направиш, ама од кино „Култура“, јеботе?! Па ене го каде е! Бандо мрзелива, паразитска и неспособна! Исто така, доста крадена ми беше и статијата „Падот на Николае Антиквизаторот“ (во многу случаи, комплет, од а до ш), а според насловот погаѓате дека статијата најмногу ја крадеа критичарите на Никола Груевски, во кои, иронично, и јас самиот се вбројувам. Можете да замислите како јас тогаш се чувствував кога мои истомисленици ми крадеа авторски содржини. Никакво единство, никаква солидарност, никаква взаемна почит и поддршка. Тоа не се луѓе.
Да се разбереме. Јас не сум 100% легалист. Сите ние, интернетџиите, понешто земаме од некаде, јал слики, јал видеo клипови, јал други материјали, зашто, во спротивно, ние не би можеле да го работиме она што го работиме. Тоа дури треба да се оправда ако е од општествен интерес, на пример, ако е во полза за науката, едукацијата, културата, од полза за објективното информирање, или, пак, за непрофитни, некомерцијални, нискокомерцијални, нискобуџетни, малотиражни, ентузијастички или други добронамерни цели. Во нормалниот свет, тоа се регулира со правни доктрини, каква што е, на пример, американската fair use. Јас дури бев подготвен да премолчам за кражбата од страна на netpress и компанија, во смисла дека тоа било сторено за разоткривање на корупција во власта, значи, за општествено полезни цели. Но нештата навистина отидоа предалеку и ова повеќе не може да се толерира. Не е сè во законите и параграфите, но треба да се има некаков усул, да му ебам мајката. Ако гледаш дека некој се мачи, се труди, работи, не кради од него, и ако веќе крадеш, кради од некој што нема да трпи штети, кради од некои си таму белосветски корпорации, нема тие да банкротираат.
И уште една битна работа. Ако нешто веќе мора да преземаме и кога за тоа имаме добро оправдание, авторската содржина мора процентуално да доминира над онаа преземената. Да речеме, јас сум напишал е-книга со гаргатуански размери од 500 A4 страни во Word, значи мој крвав авторски труд, плод на повеќегодишно истражување, па ако тоа сум го илустрирал со пет-шест преземени слики, тоа и може некако да се прости. Или, на пример, јас сум објавил фотогалерија од сто слики, при што сум додал две-три туѓи – па и тоа може да мине. Значи земајте ако морате, ама истовремено ДАВАЈТЕ! И тоа, многу повеќе отколку што сте зеле! Засукај ракави, багро мрзљива и неспособна! Работи, работи, работи! Работата го создала човекот! Така и ти ќе станеш човек од мајмун! А ако не те бива, бави се со сточарство, товљење јунади, со било што друго!
И на крај, тотален Апсурдистан. No, you can’t make this shit up. Некое си сајтче „Дневни новости“ ми украло фотографија, која ја направив на Деветомајската парада во Москва, со цел да илустрира новинска статија во врска со короната во Германија (WHAT THE FUCK?!). И уште, украдениот фото-фајл тие го именувале како “Nemacka.jpg” или така некако. А кулминација на сè е тоа што тоа сајтче е член на Советот за ЕТИКА во медиумите! ЕТИКА, еј!

Сајтчето „Дневни новости“ ми украде слика, која ја сликав во Москва, за да илустрира нешто во врска со короната во Германија (!?).

Сајтчето „Дневни новости“ не само што ми украде фотографија од Русија, туку ја преименувало во “Nemacka.jpg” или сл. Каква аљкавост!
И така, почитувани спонзори, бизнисмени, совети за етика во медиумите и други, можеме да донесеме пресуда, дека на овие плагијатори, паразити и дилетанти конечно треба да им се покаже вратата, а спонзорствата треба да се пренасочат кај вистински автори, или, уште поарно, за хуманитарни цели.
Благодарам за Вашето внимание и ако се согласувате со мене, Ве молам да ја споделите оваа статија.